fbpx
Таг: работилница

таг: работилница

Во тек е пријавувањето за едукативно-креативната работилница „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“

Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст
Во тек е пријавување на учеснички и учесници за едукативно-креативната работилница за слем поезија „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“, која ќе се реализира во месец јуни. На работилницата можат да се пријават заинтересираните лица од сите возрасти и од цела Македонија, а повикот за пријавување е отворен до 30 мај. „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“ претставува...

Повик за учество на интерактивната работилница за стрип што ќе се одржи на 20 април

Europe House Skopje и стрип книжарницата „Бункер“ на 20 април, со почеток од 18 часот, организираат интерактивна работилница за стрип, која што има за цел да ги запознае сите заинтересирани лица со супер хероите и антихероите кои живеат во стрипот. Преку овој настан, ќе може да се дознаат повеќе детали и анегдоти за стрип јунаците и начинот на кој...

Здружението на џез-уметници ги повикува младите до 14 години да учествуваат на џез работилница

Младите музички уметници (пејачи и инструменталисти) на возраст до 14 години, кои сакаат да учествуваат во програмата по повод Меѓународниот ден на џезот - 30 Април - имаат рок до 25 април (сабота) до 15 часот да се пријават со краток видео запис од изведба на една џез песна или песна од неопределен жанр на електронската адреса [email protected] или...

Поповски: Гарантираме нулта толеранција за насилство, напади, уцени и притисоци врз новинарите

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски денеска се обрати на регионалната работилница на тема „Новинарството за безбедносните предизвици во новото време“ што се одржа во хотел „Мериот“. Поповски истакна дека во време кога има чести појави на екстремизам, екстремно насилство и тероризам, последиците ги чувствуваат граѓаните и поширокото општество. „Медиумското известување и новинарските истражувачки стории за феномените на насилниот...

Патувачка работилница за видео-игри за основци

Патувачка работилница за деца за изработка на видео-игри од утре тргнува во неколку градови во државата (Свети Николе, Крива Паланка, Чашка, Радовиш).  Работилницата е наменета за деца од трето до деветто одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин. Првата работилница ќе се одржи утре на пладне...

Работилница за најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија

Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони, конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусијата што в сабота во 12 часот ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на 18. фестивал за европски филм „Синедејс“. Бројот на учесници е ограничен па затоа доколку сакате да бидете дел...

Истакнатиот музичар Џијан Емин ќе одржи работилница на тема „Музиката денес“ во Охрид

Охридско лето  организира работилница на тема „Музиката денес“ во катедралната црква „Св. Софија“ на 11 јуни со почеток од 18.30 часот. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници. На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава и како...

Работилница за финансирање на меѓународните организации на Економскиот институт – Скопје

На Економски институт - Скопје утре со почеток во 10 часот ќе се одржи работилница на тема „Финансирање на меѓународните организации: Искуства, можности и предизвици”. Најавено е учеството на меѓународни и регионални организации, високообразовни установи и организации од граѓанскиот сектор. Настанот се организира во соработка со МВР. На темата ќе говорат директорот на институтот, проф. д-р Зоран Јаневски и Магдалена Несторовска,...

„Метаморфозис“ организира работилница за слободата на изразување онлајн и офлајн

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира работилница „Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“, која ќе се одржи на 12 април во Клубот на новинари во Скопје. На работилницата ќе бидат претставени основните концепти во сферата на слободата на изразување, како и актуелните и релевантните стандарди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на слободата на...

Манчевски: Работиме на нова законска рамка за поголема сајбер безбедноста

Работиме на нова законска рамка што ќе овозможи поголема безбедност на интернет мрежите, информираше денеска министерот за информатичко општество и технологија, Дамјан Манчевски на отворањето на работилницата за „Национална рамка и стратегија за сајбер безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT“. Тој додаде дека сајбер-нападите претставуваат заедничка закана за сите за потрошувачите, државите, бизнисите, економиите, занаетите, граѓаните, и тн. - Како што и порано, за време...

Манчевски: Нема реформа на јавна администрација преку ноќ, тоа е процес кој трае

Министерот на информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави промени во законските рамки поврзани со класифицирањето на документацијата, со цел што повеќе документи да бидат јавно достапни. На денешната работилница „Предизвици во реформите во јавната администрација“ која се одржува во хотелот „Мериот“, во организација на СИГМА, тој додаде дека реформата на јавна администрација не само што нема да заврши преку ноќ, туку...

Хуманитарен базар на ракотворби изработени од бегалци во Сули-ан

По повод Светскиот ден на бегалците, 19 јуни, денеска во 18 часот, во дворот на Сули-ан во Старата скопска чаршија, ќе се одржи хуманитарен базар на повеќе од 100 ракотворби (накит, цртежи и слики) изработени од бегалци, под мотото „Создади надеж“. Во февруари и во март оваа година се одржаа 15 работилници за терапија со уметност со 139 учесници, бегалци и...

Со првата работилница во Охрид, почнуваат обуките за граѓански активизам

Со дводневната работилница во Охрид, од денеска почнуваат обуките за граѓански активизам. - Целта е да се зголеми граѓанската свест и да не се наседнува на пласирањето лажни вести - вели Синиша Пекевски, национален координатор на проектот „Зајакнување на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“. Работилниците отвораат можност за развој на локални иницијативи и акции, кои се од интерес за целата заедница. -...

Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба насловена „Историјат на украсување и на бојадисување велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата ’Фаберже’“, денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и за современите тенденци на уметноста на украсување јајца. Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за...

Усеин: Земјите аспиранти за ЕУ да ги прилагодат буџетите за интеграција на Ромите

Јавното финансирање и распределбата на буџетот за ромското население во земјите од Западен Балкан беше тема на дводневен собир во Скопје, во организација на Регионалниот совет за соработка, меѓувладино тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. „Сите земји кои тежнеат кон Европската Унија имаат заедничка одоговорност кон Ромите и треба да преземат конкретни чекори за нивна интграција...

Свилановиќ: Интеграцијата на Ромите е услов за проширување на ЕУ

Прашањето за позицијата и за интеграцијата на Ромите во државите од Западен Балкан и во Турција е услов на Европската Унија за проширувањето и е важно прашање за сите земји од регионот, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, во Виена. Зборувајќи на отворањето на дводневниот регионален собир на претставници на националните контакт-центри за Ромите и на...

Работилница за зајакнување на довербата меѓу новинарите и полицијата во Охрид

Денеска во Охрид ќе се одржи еднодневна работилница на тема „Полицијата и медиумите - зајакнување на заемната доверба и патнерство“. На собирот ќе бидат презентирани неколку теми, односно запознавање со одредбите на новинарскиот и на полицискиот кодекс и етика, улогата на полицијата и на новинарите во демократското општество и слично. На работилницата ќе се разговара и за тоа колку новинарите...

„Научна и уметничка визита“ на МАНУ од денеска во Охрид

Од денеска до 27 јули, во Охрид, се одржува традиционалната манифестација „Научна и уметничка визита“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во Куќата на Уранија, местото каде и е формирана МАНУ, денеска и утре ќе се одржи лингвистичката работилница, со предавање на професор Јан Соколовски од Полска кој е член на МАНУ надвор од работниот состав. За...

Јанева: Нема да нè обесхрабрат да ја исполниме мисијата што ни е доверена

И покрај секојдневните предизвици со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство, нема да дозволиме да нè обесхрабрат во одлучноста и во посветеноста да ја исполниме мисијата која ни е доверена, водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и пред законите. Ова го кажала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во Брисел, на работилница на тема „Зајакнување...

Пратениците ќе се обучуваат за антикорупција

Денеска и утре во Собранието ќе се одржува работилница за пратениците, на која ќе се обучуваат за превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и кај обвинителите, судир на интереси, етички кодекс и за други етички прашања за пратениците, како и за лобирање врз носителите на законодавната власт. Работилниците ги организира Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...