Здружението на џез-уметници ги повикува младите до 14 години да учествуваат на џез работилница

Младите музички уметници (пејачи и инструменталисти) на возраст до 14 години, кои сакаат да учествуваат во програмата по повод Меѓународниот ден на џезот – 30 Април – имаат рок до 25 април (сабота) до 15 часот да се пријават со краток видео запис од изведба на една џез песна или песна од неопределен жанр на електронската адреса zjazzm@yahoo.com или преку Facebook Messenger на страната на Здружението на Џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ).

„Станува збор за интерактивна џез-работилница, на која ќе се изработат неколку џез-композиции кои, a по завршувањето на работилницата, ќе бидат претставени преку заеднички видеозапис од учесниците. Учесниците ќе бидат селектирани од членови на ЗЏМ. Работилницата ќе биде поделена на неколку термини со групна и поединечна настава“ – информираат од ЗЏМ.

Услов за учество е можност за онлајн видео комуникација, можност за аматерски аудио/видео запис и надзор од родител или старател.