fbpx

Истакнатиот музичар Џијан Емин ќе одржи работилница на тема „Музиката денес“ во Охрид

-

Охридско лето  организира работилница на тема „Музиката денес“ во катедралната црква „Св. Софија“ на 11 јуни со почеток од 18.30 часот. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници.

На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава и како денес се доживува. Колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти квалитет.

Ова ќе бидат дел од прашањата на кои Џијан Емин ќе се обиде да даде одговори и објаснување за една од најмистериозните појави во уметноста – музиката.

По предавањето, со почеток од 20 часот, следи авторски концерт на квартетот на Џијан Емин во состав: Кирил Кузманов – алт саксофон, флејта, Џијан Емин – пијано, клавијатури, глас, електроника, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани.

Џијан Емин, умешно прави една нова музичка перцепција, наметнува нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер и диригент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...