fbpx
Таг: притисок

таг: притисок

ВМРО-ДПМНЕ: Талески доби притвор под притисок на СДСМ

Судот потклекна на бескрупулозниот и отворен притисок на СДСМ, кој нема никаква врска со правдата и со почитувањето на законите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд да му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосоменичен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Само неколку часа откако СДСМ се закани...

Грчката влада планира да го затвори Идомени до 30 мај

Грција планира релокација на бегалците, расчистување и целосно затворање на кампот во Идомени до крајот на мај. Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, овој план го пренел во разговори со грчката полиција и со членови на различни невладини организации во Солун, со кои имал средби изминатите неколку дена. Според весникот „Етнос“, Музалас објаснил дека се решени ова да се случи...

Бакојани: Грција ќе се најде под голем притисок на Самитот на НАТО

Поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, предупреди дека Грција ја чекаат сериозни притисоци околу приемот на Македонија во НАТО на следниот Самит на Алијансата во Варшава. Бакојани апелираше грчкото министерство за надворешни работи да почне сериозно да се подготвува, коментирајќи дека Македонија има засилена улога благодарение на бегалската криза, а актуелната грчка влада ја нема истата поддршка што ја имала...

ГРОМ утре во 18 часот на контрапротест во близина на Уставниот суд

Утре во 18 часот ГРОМ на Стевчо Јакимовски ќе одржи „собир за поддршка на институциите“. Протестот ќе се одржи пред објектите на Агенцијата за електронски комуникации и Обвинителството во близина на Уставниот суд, каде што во исто време ќе протестираат граѓанските организации и СДСМ против одлуката на судот да расправа за иницијативата за уставноста на Законот за помилување. Јакимовски денеска...

Јанкулоска: Проблемот и притисокот од илегалната миграција се големи

Проблемот со илегалната миграција, поради која доаѓа до трагични последици, е глобален проблем и притисокот што го имаат земјите од ЕУ и земјите кои географски припаѓаат на Европа, вклучително и Македонија, која се наоѓа на надворешната граница на ЕУ, е голем, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во врска со неколкуте несреќи на железничките пруги, во кои...

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија. - САД вршат силен притисок врз Унгарија - изјави Орбан. Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“. - Ние не планираме со никого ниту да се зближуваме, ниту да се оддалечуваме. Ние не водиме...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...