fbpx
Таг: Метју Нимиц

таг: Метју Нимиц

Заев на средба со Наумовски, пред почетокот на циклусот состаноци со Нимиц на 11 декември

Премиерот Зоран Заев денеска одржал консултативна средба со амбасадорот Васко Наумовски, кој е специјален пратеник во разговорите кои се водат за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, под покровителство на Обединетите нации, информираат од Владата. Тие се координирале за претстојните активности, односно пред новиот циклус разговори кои треба да почнат со посредникот Метју Нимиц на 11 декември. „На оваа средба, на која...

Димитров – Коѕиас: Отворен и конструктивен дијалог ќе придонесе за меѓусебна доверба

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас на маргините на министерската средба во Брисел разговараа спорот за името и за мерките за доверба. „Се зборуваше за натамошно унапредување на мерките за доверба и унапредување на прекуграничната соработка. На средбата стана збор и за процесот за надминување на единственото отворено прашање, за разликата околу името. Министрите...

Заев: Се надевам дека ова ќе биде последен обид за решавање на спорот со името

Македонија влегува во обид кој што се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име, изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање по средбата со премиерот на Словенија, Миро Церар. - Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори,...

Димитров: Наскоро ќе се сретнат преговарачките тимови на Македонија и на Грција

Овој месец ќе има средба на ниво на преговарачките тимови и во оваа прва фаза нема да има посета на посредникот Метју Нимиц на регионот, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На прашањето како ја коментира изјавата на заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Ји, кој оцени дека расположението за решавање на спорот за името е досега на највисоко ниво,...

Коѕиас: Нимиц ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три-четири седмици

Посредникот од ОН во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три до четири седмици, најавил во четвртокот грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, на двочасовниот брифинг со уредниците за надворешна политика во грчките медиуми, известува грчкиот „Њусбомб“. Во поглед на спорот, Коѕиас рекол дека е...

Аселборн: Јас не сум Орбан, јас поддржувам нормално функционирање на државата

Не можам да кажам кога ќе бидат почнати преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, бидејќи ЕУ е покомплексна и од Балканот, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, по денешната средба со неговиот македонски колега, Никола Димитров, во македонското Министерство за надворешни работи. Аселборн појасни дека Европската комисија може да предложи почеток на преговори со Македонија,...

Заев: Предлози за името очекувам догодина, сега не разговараме за суштински прашања

Во моментов градиме пријателски односи со Грција и ја зајакнуваме довербата помеѓу двете страни за да бидеме пријателски настроени за моментот кога ќе треба да се решава сериозниот проблем за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги сподели впечатоците од учеството на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. За спорот во врска...

Коѕиас оценил дека преку „пакет-преговори“ може да се реши спорот за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по завршувањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нации ги брифирал грчките новинари за решението за проблемот за името со Македонија. Според пишувањата на грчките медиуми, тој кажал дека прашањето за името има четири дела, односно името и употребата на името, две прашања кои биле во надлежност на преговорите на Метју Нимиц, и изведените...

Постои отворен прозорец за разговори за името, рекол Коѕиас по средбата со Гутереш

Македонија и спорот за името биле една од темите на кои вчера во Њујорк разговарале шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш. Како што соопшти грчкото МНР, во врска со спорот за името и разговорите со посредство на посредникот Метју Нимиц, Коѕиас рекол дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара за...

Заев очекува од Нимиц нови предлози за името до крајот на годината

Премиерот Зоран Заев денеска во Драч изјави дека очекува од специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, да добие нови предлози до крајот на годинава. - Очекувам до крајот на годината да има нови идеи од Нимиц за решавање на овој проблем. Убеден сум дека позитивниот амбиент што постои...

Постои нов импулс за решавање на спорот за името, оцени Нимиц

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, оцени дека постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за проблемот. - По неколкугодишен парламентарен ќор-сокак, имаме нова влада во Скопје, која е сака да ја реактивира надворешната политика во регионот, а очигледно спорот за името е голема пречка на патот за...

Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

„Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, по денешната средба со посредникот Метју Нимиц во Брисел. - Го информирав за тоа што ние мислиме по средбите што ги имавме со новата влада на нашиот северен сосед. Се согласивме да останеме...

Нимиц и Коѕиас во Брисел ќе разговараат за спорот за името на Македонија

Специјалниот пратеник на ОН во спорот за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, денеска во Брисел ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Како што претходно соопшти канцеларијата на Нимиц, на средбата, која е на барање на официјална Атина, ќе биде разговарано за можноста за напредок во преговорите за спорот за името. Средбата доаѓа по последната посетата...

Нимиц и Коѕиас задутре ќе се сретнат во Брисел

Посредникот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе се сретнат утре во Брисел. Како што извести канцеларијата на Нимиц, средбата е на барање на Грција. Според соопштението од ОН, целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија,...

Коѕиас обвинува дека меѓународната заедница ја разгалила Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во интервју за грчката телевизија „Антена“, ја обвини Македонија за иредентизам, неподготвеност, но и за разгаленост од меѓународната заедница. - Бев, како што знаете, двапати во Скопје, разговаравме за прашањето, беа неподготвени. Дојдоа во Грција, пак неподготвени. Разгалени се од меѓународниот фактор. Овде си имаме работа со иредентизам кој не треба да го...

Посредникот Нимиц се сретна со Груевски и со Ахмети

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретнаа со посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц. На средбата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Груевски присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски и Никола Тодоров. „Целта на посетата на Нимиц е запознавање со општата атмосфера во државата во однос на...

Заев – Нимиц: Постои позитивна клима за развој на добрососедските односи

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, бил споделен ставот дека постои позитивна клима за нов импулс во развојот на добрососедските односи, преку чекорите за зголемување на довербата меѓу државите, што може да придонесе и за продолжување на процесот на преговори, соопшти Владата на РМ. Според официјалното...

Нимиц – Димитров: Сега не е време да се излезе со дефинитивен предлог

„Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“, изјави за медиумите специјалниот пратеник на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На прашање дали постои одреден напредок, поместување во позициите на...

Нимиц ќе даде изјава по средбите со Заев и со Димитров

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името Метју Нимиц утринава се сретна со премиерот Зоран Заев. По ова медијаторот ќе се сретне и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. По двете средби предвидена е изјава за медиумите. Нимиц, кој од саботата е во четиридневна посета на Скопје, претходно изјави дека целта на неговата посета е да ја испита...

Треба дополнителен импулс од двете страни во спорот за името, му порачал Иванов на Нимиц

Неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите за спорот за името - резолуциите на Советот за безбедност, Привремената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, истакнал македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на средбата со Метју Нимиц, специјален пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името. Иванов порачал дека...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...