fbpx
Таг: Метју Нимиц

таг: Метју Нимиц

Почна координативниот состанок на државниот врв за предлозите на Нимиц

Почна координативниот состанок на државниот врв на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Во Клубот на пратеници пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов, со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

Државниот врв денеска на координативен состанок ќе ја разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Состанокот, кој вчера и официјално беше најавен од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во 18 часот, во Клубот на пратениците. На состанокот ќе учествуваат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи,...

Координацијата на државниот врв за предлозите на Нимиц ќе се одржи во сабота

Министерството за надворешни работи официјално информираше дека координативниот состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц ќе се одржи во сабота во 18 часот во просториите на Клубот на пратеници. На состанокот ќе учествуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на...

Нимиц ги потврди посетите на Скопје и Атина следната недела

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц вечерва преку соопштение официјално ги потврди посетите на Атина и Скопје. „На покана на владите на Грција и ПЈРМ, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц ќе престојува во Атина и Скопје во периодот од 29 јануари до 1 февруари како дел од напорите на...

Владата за спорот со името ќе гради став со „сите релевантни политички фактори“

Владата на Република Македонија работи на анализа и консултации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за името, потврдија од Владата за државната новинска агенција МИА. „Владата на Република Македонија веќе работи на анализата и консултациите во однос на рамката доставена од медијаторот Метју Нимиц. Во наредниов период ќе вложиме напори за што е можно по инклузивен...

„Катимерини“: Атина е за Вардарска Македонија, а Скопје за Нова Македонија

Според добро информирани извори, јасно е дека за време на минатонеделните средби на грчкиот премиер Алексис Ципрас со шефот на грчката дипломатија Никос Коциас и архиепископот Јеронимос, Грција е повеќе за името Република Вардарска Македонија (Republic of Vardarska Macedonia) како дел од договорот во спорот за името, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Од друга страна пак Македонија, според „Катимерини“, е...

Нимиц: Со новиот пакет предлози за името идентитетот ви е безбеден

Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју за „Сител“ вели дека, според него во новиот пакет предлози на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, идентитетот на државата и народот е безбеден и верува дека со неговите идеи тој е повеќе зајакнат отколку оштетен. - Сметам дека договорот е сеопфатен, се обидов да ги опфатам најголемите прашања,...

Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, вели Владата

Владата на Република Македонија по преговорите во Њујорк со посредништво на Метју Нимиц порача дека посветена на решавање на спорот кој  Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.  Во соопштението се вели дека се создаваат услови за напредок, но за да дојде до тоа мора да има подготвеност за компромис на двете страни. „Активно се создаваат услови...

За Наумовски предлозите на Нимиц се далеку од достоинствено решение

Македонскиот преговарач во разговорите за името под покровителство на ОН, Васко Наумовски, по последната рунда разговори во Њујорк изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се „далеку од достоинствено решение“. Според него, рамката за разговорите е дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, а тоа е да се надмине разликата околу името. – Нашата држава има име, тоа е...

Новиот предлог на Нимиц е комбинација на старите идеи

Посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц, денеска во седиштето на ОН, по средбата со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, најави дека на повидок е решение за спорот за името, со што ќе се стави крај на 27 годишниот спор меѓу Грција и Македонија. – Имам големи надежи дека овој процес се движи во...

Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името

Предлог решението за името ќе го вклучува терминот „Македонија“, изјави медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. - Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот - изјави Нимиц...

Нимиц: Нема нов предлог за името, ќе дискутираме за стари предлози

Медијаторот на Обединетите нации во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името и дека на новата средба, закажана за 17 јануари во Њујорк, ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се дискутирало во минатото. Според Нимиц новата влада во Скопје е многу заинтересирана да...

Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела. – Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно...

Димитров и Коѕиас очекуваат „иницијална рамка“ за решавање на спорот за името

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на денешната средба која се одржала во Солун, изразиле заедничко очекување дека претстојниот состанок на 17 јануари, медијаторот Метју Нимиц „ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името“, се наведува во соопштението кое е усогласено...

„Катимерини“: Нимиц сака преговорите да ги подигне на министерско и премиерско ниво

Медијаторот за спорот за името Метју Нимиц е охрабрен од последниот развој на настаните и е убеден дека ќе се постигне решение, пишува грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека како неформална временска рамка за решавањето на проблемот е самитот на ЕУ во јуни и самитот на НАТО во јули следната година. Весникот коментира дека Нимиц во оваа фаза од преговорите нема...

Нимиц: Спорот може да се реши следната година, но нема ново магично име

По толку многу години, нема да се појави магично ново име, изјави медијаторот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц по средбата во Брисел со преговарачите на Македонија и Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. - Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија - рече Нимиц, додавајќи дека прашањето за името може да биде решено следната...

Нимиц денеска во Брисел ќе разговара со Наумовски и со Василакис

Посредникот од Обединетите нации за името, Метју Нимиц, денеска во Брисел се среќава со македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, по долга пауза во разговорите за името. Потоа, по 12 часот, се очекуваат официјални изјави. Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вчеравечер во...

Поради снежни врнежи откажана вечерата на Нимиц со преговарачите во Брисел

Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вечерва во Брисел е откажана, бидејќи ниту преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски, ниту преговарачот Нимиц, поради снегот не можеле да стигнат на време во Брисел, пренесува порталот „Мкд.мк“ Поради снежните врнежи во Белгија се откажани стотици летови, како и...

По три години, повторно преговори за името

Средбата на преговарачките тимови на Македонија и на Грција за спорот за името ќе се одржи денеска и утре во Брисел.Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, ќе се сретне со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел...

Ципрас: Ако Скопје направи отстапки, 2018 година би можела да биде позитивна

Македонската влада треба да сопре со иредентизмот и со реторката за единствени потомци на Македонците, за да се направат суштински чекори и да се најде заемно прифатливо решение, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, велејќи дека ако се направат неопходните чекори, следната година може да донесе позитивен развој на прашањето за името. Во Белград, по вториот состанок на четворката...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...