fbpx
Таг: Метју Нимиц

таг: Метју Нимиц

Нимиц денеска ќе се сретне со Иванов во Вила Водно

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, Метју Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје. Средбата на Иванов и на Нимиц е закажана по 17 часот во претседателската резиденција на Водно. Инаку, Нимиц е во посета на земјава на покана...

Нимиц: Не носам нов предлог за името, доаѓам да ја тестирам подготвеноста за напредок

Овојпат не носам ново предлог-решение во Скопје, доаѓам да разговараме за напредокот во преговорите со Атина околу спорот за името, вели специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција во интервју за емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат М“. Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје, на покана на македонската Влада, вели дека...

Нимиц од денеска во Скопје, на разговори со државниот врв за спорот за името

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од денеска до 4 јули ќе претстојува во Скопје на разговори со државниот врв околу можностите за решавање на спорот за името. Нимиц, како што соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините...

Нимиц во Скопје од 1 до 4 јули, потоа заминува за Атина

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, Метју Нимиц, од 1 до 4 јули ќе го посети Скопје, соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН. Нимиц, како што се наведува, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство...

Нимиц в недела доаѓа во дводневна посета на Македонија, па потоа оди во Атина

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, в недела ќе допатува во дводневна посета на Македонија, по што заминува во дводневна посета на Атина. За време на посетата на Скопје, Нимиц ќе има средби на кои ќе се запознае со ставовите на новата влада во врска со спорот за...

Нимиц неделава во Скопје на средба со државниот врв

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, јавува МТВ, повикувајќи се на извори од Вашингтон. Нимиц, според неофицијалните извори, во Скопје ќе има средби со државниот врв, на кои ќе се разгледаат ставовите за продолжување на преговорите во спорот за името. Тој, сепак, по...

Димитров и Коѕиас утре нема да разговараат за името, туку ќе се запознаваат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, утре нема да разговараат за спорот за името, туку за продлабочување и за интензивирање на односите со јужниот сосед, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека првичните разговори меѓу него и грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на грчката дипломатија, Коѕиас, даваат оптимизам за градење пријателски односи со...

Нимиц чека формирање влада за да се реактивираат преговорите за името

Медијаторот Метју Нимиц чека да се формира нова влада во Скопје за да започне со нови сериозни разговори за решавање на спорот за името. Нимиц во интервју за грчкиот весник „Реал њуз“ вели дека решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада и потенцира дека решавањето на овој проблем може да помогне...

Нимиц е загрижен за мирот и за стабилноста во Македонија

Меѓународниот посредник во спорот за името, Метју Нимиц, изрази загриженост дека политичката криза може негативно да влијае на стабилноста на Македонија. - Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена до висок степен на ризик и опасност, што ќе влијае врз безбедноста и врз стабилноста на Македонија –...

Нимиц: За конструктивни преговори, неопходно е да има стабилни влади во двете држави

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, за спорот за името во Њујорк разговарал со посредникот Метју Нимиц, но и со новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пренесува грчко-американскиот неделник „Грик њус“. Главните разговори за македонско-грчките односи и преговорите за името, сепак биле со посредникот Нимиц. Според Нимиц, најважно во моментов е да има нова стабилна и функционална влада во...

Коѕиас денеска ќе се сретне со Нимиц

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска во Њујорк ќе се сретне со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. Средбата Нимиц - Коѕиас ќе биде во рамки на патувањето на грчкиот министер за надворешни работи во Њујорк на состаноци за кипарското прашање, чии преговори се особено интензивирани во овој период. Главната цел на посетата на Коѕиас на Њујорк и на...

„Катимерини“: Неопходна е стабилна влада во Македонија за преговори во спорот за името

Изборните резултати во Македонија, во Грција го отвораат прашањето кој и каков ќе биде новиот соговорник околу преговорите за името. Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од Обединетите нации, пренесува дека посредникот Метју Нимиц е подготвен да ги реактивира преговорите кои се на стенд бај поради внатрешно-политичките проблеми во Македонија и во Грција изминативе две години. „Нимиц сака да што побргу...

В петок средба Коѕиас – Нимиц во Њујорк

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас в петок во Њујорк ќе има средба со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, јави грчката телевизија ЕРТ. Иако во официјалната агенда на Коѕиас за средбите во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации не е најавена средбата, сепак извори од грчкото министерство за надворешни работи за ЕРТ потврдиле дека министерот ќе се...

Нимиц: Нема преговори додека Македонија не избере стабилна влада

Медијаторот за спорот со името со Грција, Метју Нимиц изјави дека преговорите не се можни се додека во Македонија не се постави фер и демократски избрана влада. - Верувам дека политичките лидери во Македонија треба да го постават националниот интерес на прво место, над традиционалните политики, и да земат предвид што е најдобро за народот - изјавил Нимиц, за програмата „Гласот...

Коѕиас и Нимиц разговараа за спорот за името и за мерките за градење доверба

Шефот на грчката диломатија, Никос Коѕиас, се сретна со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. На вчерашната средба во Луксембург, каде Коѕиас од денеска учествува на Советот за надворешна политика на Европската Унија, тие разговарале за насоката во која се движат преговорите за името. Како што информираа од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕиас го информирал Нимиц за ставовите и за...

Коѕиас на средба со Нимиц на 17 април

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, следната недела ќе се сретне со посредникот Метју Нимиц. Средбата е закажана за 17 април и ќе се одржи надвор од Грција, веројатно во Брисел или Луксембург, каде Коѕиас ќе биде на работна посета идната недела. Главната тема ќе бидат преговорите околу името, ќе се претстават грчките иницијативи, напредокот, ситуацијата и климата која владее околу...

Нимиц: Бегалската криза го прави решавањето на проблемот со името неопходен

Бегалската криза треба да биде поттик за Македонија и Грција побрзо да најдат решение за името. Ова го порача специјалниот претставник на Обединетите Нации, медијаторот Метју Нимиц во интервју за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за тоа како ако беше решен проблемот до сега двете држави веројатно ќе имаа многу полесна соработка околу кризата со бегалците и мигрантите на Балканот. - Од...

„Катимерини“: Привремената влада во Македонија нова можност за спорот за името

Привремената македонска влада, која треба да биде избрана на 15 јануари следната година, во Грција и понатаму се истакнува како можност за придвижување на работите во спорот за името. Весникот „Катимерини“ во анализа на состојбата во која се наоѓа отворениот спор забележува дека периодов се отвора прозорец на можности за решавање на прашањето. Според весникот, иако прашањето не е на врвот...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...