fbpx

Посредникот Нимиц се сретна со Груевски и со Ахмети

-

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретнаа со посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц.

На средбата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Груевски присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски и Никола Тодоров.

„Целта на посетата на Нимиц е запознавање со општата атмосфера во државата во однос на спорот со Република Грција што ќе му помогне во иднина за евентуално пристапување со нови идеи и размисли кои би помогнале во процесот“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, средбата со посредникот Нимиц ја оцени како охрабрувачка и посочил дека и Албанците во земјава ќе дадат свој придонес за надминување на пречките за членство во НАТО и во Европската Унија.

– Многу е значајно да најдеме решение за овој проблем што веќе дваесет години е нерешен. Исто така, тоа е и порака за сите граѓани на Република Македонија, затоа што посетата на господинот Нимиц значи дека ова прашање е на значајно место на агендата за конечно решение и тоа сега ќе зависи од сите политички актери – вели Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...