fbpx
Таг: лидерска средба

таг: лидерска средба

Почнуваат разговорите за примена на политичкиот договор

Почнуваат разговорите за примена на договорот за излез од политичката криза, кој минатата недела лидерите на најголемите политички партии во Македонија го постигнаа во посредништво на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. На денешната средба ќе биде разговарано за прашања поврзани со предвремените парламентарни избори, кои според договорот, треба да се одржат на 24 април следната година. Прво прашање на дневен ред...

СДСМ: „Вистината за Македонија“ го разобличи Груевски

„Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка“, пишува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски најавува дека ќе се повлече, па се премислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што ги дава, па не ги...

ДУИ: Ги повикуваме партиите да се издигнат над теснопартиските интереси

Од ДУИ за вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека преговорите се неуспешни, велат дека еднострано решение за кризата нема. ДУИ ги повикува политичките партии да ги надминат партиските интереси и да направат компромис кој ќе биде за доброто на државата и на граѓаните. „Еднострано решение за кризата нема. Преговори кои ќе го имаат како основа договорот од 2 јуни...

Хан доаѓа во Скопје идната недела

Последните случувања во Македонија го натераа еврокомесарот Јоханес Хан повторно да закаже патување во Скопје, во првата половина на идната седмица, информира неговата портпаролка, Маја Коцијанич, за „Мета“. Нејасно е дали неговата посета ќе се совпадне со таа на Викторија Нуланд, но САД и ЕУ се координираат. Коцијанчич изјави и дека дискусиите помеѓу политичките лидери се на критична точка. ЕУ...

Се чека абер од Груевски за нова лидерска средба

Сè уште не се знае дали денеска и кога воопшто ќе се сретнат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА. Од неофицијални извори дознаваме дека моментално се очекува премиерот Никола Груевски да се произнесе околу последниот предлог што опозицијата го ставила на маса. Изворите информираат и дека пред да се одлучи дали ќе има или ќе нема средба, Груевски ќе треба...

Денеска ќе нема лидерска средба

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, по средбата со американскиот конгресман Елиот Енџел, која се одржа во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека денеска нема да има лидерска средба. Последната средба меѓу лидерите на четирите најголми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, се одржа на 29 јуни. На таа средба премиерот презентирал акциски план за спроведување на реформите што ЕУ ги побара...

Фифти-фифти се шансите за лидерска средба денеска

Постојат шанси лидерите на политичките партии денеска во 13 часот да се сретнат во Клубот на пратеници и да направат нов обид за излез од политичката криза. Сè уште се договараат деталите за средбата. Ако пропаднат договорите за форматот на новата влада и за другите детали, денешната лидерска средба би се одложила за друг термин кога ќе има нешто околу што...

Утре нова лидерска средба

Лидерската четворка утре повторно ќе се состане, пренесува телевизија „24 Вести“. По интензивните средби и состаноци на преговарачките тимови и на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Николa Груевски и Зоран Заев, утре, повторно во Клубот на пратеници, лидерската четворка ќе седне на маса со амбасадорскиот двоец Бејли и Орав. Денеска лидерите, според партиски извори, се на одвоени средби со амбасадорот...

Кризата пред решение: Како Груевски да се пасивизира пред изборите?

Има изгледи политичката криза да се реши многу наскоро затоа што ставовите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се доближуваат, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. Според нашите информации, поголемите разлики се испеглани, освен дали премиерот Никола Груевски ќе биде „пасивен“ додека траат предизборните рокови. Приближувањето е постигнато усно, без писмен договор, но, сепак, во присуство на амбасадорот на...

Заврши лидерската средба, договор нема

Лидерската средба заврши и лидерите на партиите заминаа од Клубот на пратеници. Никој од нив не даде изјава, но известија дека секоја од партиите ќе испрати соопштение со кое ќе ја информира јавноста.

Почна лидерската средба, Груевски ги избегна новинарите

Почна лидерската средба што се одржува во Клубот на пратеници во Скопје. Прв пристигна лидерот на ДУИ, Али, Ахмети, а по него и амбасадорот на САД, Џес Бејли. Потоа пристигна претседателот на ДПА, Мендух Тачи, евроамбасадорот Аиво Орав и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Последен пристигна премиерот Никола Груевски, кој ги избегна камерите и новинарите и влезе од споредниот влез. На оваа...

Денеска нова лидерска средба, договор – невозможа мисија

Нова лидерска средба е најавена за денеска помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Според најавите, тешко дека и денеска ќе се постигне договор, особено откако и двете партии ги зацементираа своите позиции. Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и нема да дозволи да пропадне договорот од 2 јуни,...

Нова лидерска средба ќе се одржи утре

Утре лидерите на политичките партии уште еднаш ќе се обидат да ги доближат позициите за излез од политичката криза. Како што е најавено, утре во Скопје ќе се одржи нова лидерска средба, но според досегашните изјави на политичките партии, мала е веројатноста дека ќе се постигне договор. Една од клучните работи за која партиите досега не успеаја да се договорат...

НСДП: Преодна влада со Никола Груевски е неприфатлива

„Пред лидерската средба на 29 јуни, НСДП уште еднаш јасно и недвосмислено изразува поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неговата позиција дека какви било модалитети за излез од политичката криза што исклучуваат оставка на Никола Груевски в понеделник се неприфатливи“, пишува во соопштението на НСДП. Како што пишува во соопштението на партијата, извештаите на Стејт департментот и на Европската...

Хан се надева на конкретни резултати в понеделник

Во изјава дадена денеска во Брисел, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека нема да оди во Скопје в понеделник, но дека ќе биде на линија со лидерите. На прашање што очекува од преговорите во Скопје на 29 јуни, Хан одговори: - Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да...

Јунски договор: Роковите познати, спроведувањето неизвесно

Изминатите средби на лидерите на политичките партии за решавање на политичката криза и документите што произлегоа од нив, како и од средбите со претставниците на меѓународната заедница, донесоа некаков распоред на активности сè до предвремените избори во април 2016 година. Според сето тоа, извесни се следниве датуми и рокови: На 29 јуни Лидерска средба на која партиите ќе се обидат да најдат заедничко...

Хан и тројцата европратеници поканети на лидерската средба на 29 јуни

Лидерската четворка ќе упати покана до еврокомесарот Јоханес Хан и до европратеничката тројка Кукан, Ховит и Вајгл, за присуство на средбата на 29 јуни, објави „Дојче веле“. Доколку некој од нив поради службени активности не може да допатува во Скопје на тој датум, можно е лидерската средба да биде поместена еден-два дена подоцна. Во Скопје ќе престојува и белгискиот експерт Петер...

Хан задоволен од лидерската средба и ги објави приоритетните реформи во земјата

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, преку соопштение го поздрави исходот од лидерската средба што се одржа вчера во Скопје, во присуство на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес Бејли. Во соопштението уште еднаш се повторува изјавата што четворицата лидери им ја поделија на новинарите по состанокот. Во изјавата се вели: „Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме...

Преговорите продолжуваат на 29 јуни

На средбата по повод презентацијата на извештајот на ЕУ, лидерите на четирите партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, заедно со Аиво Орав и со Џес Бејли, се договориле преговорите за решавање на кризата да продолжат на 29 јуни. Во заедничкото соопштение што им беше поделено на новинарите се вели: „Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме уште еднаш да ја...

Заврши средбата меѓу лидерите на политичките партии

Заврши презентирањето на извештајот од Европската комисија. Се очекува лидерите на партиите, заедно со Аиво Орав и со Џес Бејли, да излезат со заедничко соопштение. „Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата согласност, нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...