fbpx

НСДП: Преодна влада со Никола Груевски е неприфатлива

-

„Пред лидерската средба на 29 јуни, НСДП уште еднаш јасно и недвосмислено изразува поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неговата позиција дека какви било модалитети за излез од политичката криза што исклучуваат оставка на Никола Груевски в понеделник се неприфатливи“, пишува во соопштението на НСДП.

Како што пишува во соопштението на партијата, извештаите на Стејт департментот и на Европската комисија – Извештајот на експертската група предводена од Прибе, недвосмилено се најсилниот аргумент кој го добија опозицијата и граѓанскиот сектор во барањето оставка од Никола Груевски, како главен и суштински услов за почнување темелен процес на реформи на државата.

„Извештаите на Стејт департментот и калкулации или компромиси околу мандатот на преодната влада, односно дефинирањето на уставното уредување на нејзиниот мандатен период пред секои парламентарни избори, треба да се уредува по поднесувањето политичка одоговорност на Никола Груевски. НСДП уште еднаш потсетува дека опстојува на ставот дека најмалку 10 месеци е потребно за да се направи ревизија на избирачкиот список, менување на изборниот законик и со другите детали околу подготовката на фер и демократски избори да може да очекуваме дека Македонија ќе биде подготвена за избори во април 2016 година.
Состојбите дијагностицирани во извештаите на Стејт департментот и на Прибе јасно ја лоцираат политичката одговорност – Никола Груевски. Затоа НСДП смета, суштински исчекор од моменталната атрофираност на системот може да се направи само доколку в понеделник макадонската јавност има шанса да види оставка на премиерот. За потоа, веднаш со нов јавен обвинител да се почне брза истрага на прислушувањата и процесуирање на кривичните пријави за објавените злоупотреби на институциите на системот, како и да се утврди прецизна динамика на конкретни мерки и активности, усогласени со препораките на ЕУ, кои треба да ја вратат Македонија на европскиот демократски колосек“, пишува во соопштението на НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...