fbpx
Таг: грабеж

таг: грабеж

Ограбена аптека во Радишани

Вработена во аптека во населба Радишани синоќа во 21 часот пријавила во полиција дека непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Заложничка драма во банка во Германија

Вооружен крадец влегол во банка во јужниот германски град Валдшут и како заложници држи двајца вработени, соопшти германската полиција. „Вооружениот крадец влегол во банката денеска попладне, додека во објектот имало двајца вработени“, стои во полициското соопштение. Полицијата имала престрелка со ограбувачот, за кој се верува дека е повреден. Полициските единици поставија кордон во близина на банката, а властите ги повикаа граѓаните да...

Парите од НЛБ отишле во Србија, тројца му помагале на Бобан С. во грабежот

Единицата за економски и за компјутерски криминал на МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против уште три лица осомничени дека биле вмешани и му помагале на Бобан С. во грабежот на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за братот на Бобан С., 44-годишниот Г.С., потоа 24-годишната Е.П.,...

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски. - Да, јас сум му адвокат - ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот. Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот...

Нападнат и ограбен жител на Инџиково

Триесет и деветгодишниот Б.Д. од скопското село Инџиково вчера попладне бил нападнат од четири лица. Го натепале и му ги одзеле паричникот во кој имало 4.000 денари, документите и мобилниот телефон. Настанот се случил околу 15 часот, кога Б.Д. во паркот „16 Маченици“ наишол на паркирано возило од кое излегло едно непознато лице со медицинска маска, капа и со очила...

Осум лица нападнале и ограбиле скопјанец

Триесет и едногодишниот скопјанец Ј.Ф. доцна синоќа бил физички нападнат од осум лица на улицата Дебарца. Без повод и причина, тие му се нафрлиле и удирајќи го во пределот на главата и по телото, му го одзеле лап-топот што го носел во рака, по што избегале. Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу еден часот по полноќ. Се преземаат мерки за...

Сите контроверзии и отворени прашања по грабежот на векот во НЛБ во Скопје

По најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија, на повеќе од 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје, соопштенијата за медиумите испратени од МВР и од Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) вчера малку помогнаа, но повеќе им одмогнаа на новинарите во обидот да ја информираат јавноста за деталите на овој, по многу нешта специфичен грабеж: Трезорист...

Oграбувачот пет дена ги крадел парите од трезорот на НЛБ

Б.С., сторителот на најголемиот грабеж на банка во историјата на Македонија, трезорот на НЛБ го празнел од 6 до 10 април годинава, при што украл вкупно 2,4 милиони швајцарски франци и 645.000 евра, а најголемите износи ги изнел од банката завчера, кратко пред случајот да биде пријавен во полиција, соопшти МВР. Полицијата вчера заедно со кривична пријава за затајување го...

Украдените 3 милиони евра од НЛБ ги нема, крадецот доби 30 дена притвор

Б.С. (40), вработениот во НЛБ што завчера попладнето украде околу 3 милиони евра од трезорот на банката, кои ги ставил во кеса и избегал, сè уште не ѝ кажал на полицијата каде се парите. Тој  доби кривична пријава од МВР за кражбата, а одреден му е и 30-дневен притвор. Тој беше уапсен околу 2 часа по грабежот и иако бил испитуван, не...

Кражбата на околу 3 милиони евра од НЛБ, најголем грабеж во историјата на Македонија

Случајот од вчера, кога вработен во НЛБ украл речиси 3 милиони евра во франци и во евра од трезорот на банката, е најверојатно најголемиот грабеж во историјата на суверена Македонија. Вечерта едно лице било приведено за овој грабеж, со што случајот влегува во друга интересна статистика - еден од најбргу расчистените грабежи во поновата македонска историја. Во МВР не сакаат...

Приведено едно лице за кражбата на речиси 3 милиони евра од НЛБ

Едно лице е приведено во врска со грабежот во НЛБ вчера, на крај на работното време, при што беа украдени речиси три милиони евра од трезорот на банката, соопшти СВР Скопје. Случајот го пријавил директорот на трезорот на банката, вчера во 16.58 часот. Тој кажал дека нивниот вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката. Тој, според пријавата,...

Шеснаесетгодишник од Батинци доби кривична пријава за обид за разбојништво

Дека се обиделе да ограбат казино во раните утрински часови на 3 март, СВР Скопје товари шеснаесетгодишник од Батинци и негов четири години постар соселанец. Кривична пријава за обид за разбојништво добија А.Т. (20) и шеснаесетгодишникот, двајцата од скопското село. Тие во 3.45 часот влегле во казиното на улицата Иван Хаџи-Николов во Скопје и заканувајќи се со ладно оружје, од вработените побарале...

Разбојници украле актовка со 120.000 евра

Жител на Арачиново ноќеска останал без 120.000 евра, пари што пред два месеца ги добил од продажба на нива, соопшти СВР Скопје. Случајот бил пријаван во 5.15 часот утрово. Пријавувачот, 20-годишен син на ограбениот арачиновец, на полицијата ѝ кажал дека три непознати маскирани лица, вооружени со пиштол, ноќеска преку незаклучена влезна врата влегле во куќата, а потоа во спалната соба, каде...

Четири лица уапсени за кражбата на накит во Монте Карло

Француската полиција уапси четворица мажи поради сомневање дека ја ограбиле продавницата за накит „Картие“ во Монте Карло, а вратен е и поголем дел од украдениот накит. Грабежот се случил вчера, сред бел ден, а веднаш по инцидентот, полицијата ги блокираше улиците и набргу уапси еден од осомничените кај кого пронашла дел од украдениот накит. Крадците по грабежот подметнале пожар во тунелот кој се користи...

Пукање во автобус во Лас Вегас, едно лице убиено

Во автобус во Лас Вегас дошло до пукање во кое еден маж убил едно лице, а полесно повредил друго. Полицијата го уапсила напаѓачот по напната ситуација која траела четири часа, соопшти градската полиција со напомена дека тој напад не е поврзан со тероризам. Осомничениот напаѓач во двокатен автобус бил забарикадиран четири часа додека тактичките тимови и преговарачите пристигнале на местото, на булевар...

Кривична пријава за жител на Октиси поради сторен грабеж

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Ш. (41) од струшкото село Октиси, поради основан сомнеж дека сторил тешка кражба. Како што соопшти СВР Охрид, И.Ш. казненото дело го сторил на 26 февруари, нешто пред полноќ, кога, со намера да се стекне противправна имотна корист, насилно влегол во продавницата за железарија „Етко 2015“ во струшкото село Октиси. Пријавениот, со употреба на алат,...

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Непознато маскирано лице рано изутрината во 3.20 часот со закана со пиштол ограбило бензинска пумпа на „Макпетрол“, на улицата Кемал Сејфула во Скопје, при што од вработениот го одзело дневниот пазар, а потоа избегало. Како што информира МВР, се преземаат мерки за откривање и за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на грабежот.

Две лица измамиле охриѓанец и го оштетиле 1.000 евра

Две засега непознати лица се сторители на измама, информира СВР Охрид. „Двајцата, на околу 55-годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и почнале разговор со него. Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел и дека имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати отштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне...

Заложничка драма при обид за грабеж во банка во Алабама

Најмалку едно вооружено лице, кое наводно сака да ограби банка, држи непознат број заложници во бакната „Кредит јунион“ во Таскалуса, Алабама. Според првичните информации од полицијата, меѓу заложниците се и вработените на банката. Банката се наоѓа во близина на универзитет, кој е затворен по дојавата за грабеж.

Го украле сефот од поштата во Вевчани и го оставиле на улица

Ноќта помеѓу 5 и 6 јануари се случил обид за кражба во локалната пошта во Вевчани. Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој, неофицијално, имало околу 70.000 денари. Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, но, за среќа, крадците не успеале во намерата затоа што ги слушнал соседот, по што во...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...