fbpx
Таг: грабеж

таг: грабеж

Ограбена спортска обложувачница и бензинска пумпа во Скопје

Непознато маскирано и вооружено лице синоќа, околу 22 часот, ограбило спортска обложувачница на улицата Тале Христов во Скопје. Разбојникот со закана со пиштол одзел околу 200.000 денари, а од еден од присутните во обложувачницата одзел мобилен телефон, по што избегал. Неколку часа подоцна, ноќеска околу 2.20 часот, маскиран и вооружен разбојник ограбил бензиска пумпа меѓу населбата Ченто и селото Арачиново. Разбојникот заканувајќи...

Кичевец украл евра, долари и злато од возило со американски ознаки

Кичевецот Е.М. (20) ограбил џип со американски регистарски таблички, од кој одзел 9.450 евра и 4.720 американски долари, поголем број златни синџири и друг златен накит, како и четири патни исправи. Поради постоење основан сомнеж дека извршил кражба, полициската станица од Кичево му поднесе кривична пријава. Пријавениот, на 28 јули годинава, од возилото одзел кожена женска чанта, со што стекнал противправна имотна корист од околу...

Ограбени американските олимпиjци во Бразил

Четворица американски пливачи, меѓу кои и освојувачот на златната олимписка медала, Рајан Лохре, се ограбени во Рио де Женаиро откако биле пресретнати од вооружени напаѓачи кои им се заканиле со пиштол. Лохте за телевизиската мрежа „Ен-би-си“ раскажал дека претходната ноќ се враќал во Олимпиското село од забава на француската делегација, кога вооружени мажи кои имале полициски обележја го запреле нивното...

Обиен штаб на СДСМ во Штип

Денеска бил обиен партиски штаб на СДСМ во Штип, од каде била однесена документација, потврди Владимир Милошев од општинската организација на СДСМ во Штип. - Извршено е насилно влегување во партиските простории, направена е значајна материјална штета, претурена е целата партиска документација. Набргу ќе знаеме што недостига од документацијата - вели Милошев. Од СДСМ не сакаат да посочат некого како можен сторител,...

Од бензинска во Козле украдени 80.000 денари

Синоќа, околу 2 часот по полноќ, била ограбена бензинската пумпа „Макпетрол“ во населбата Козле. Непознат маж, заканувајќи се со пиштол, од вработените одзел околу 80.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Од стан во Козле украдени 16.000 евра и злато

Вчера во 19 часот Р.Р. пријавила дека на улица Јуриј Гагарин од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба. Крадецот преку балконската врата влегол во станот и одзел мал сеф во кој имало 16.000 евра и златен накит, информираат од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Ограбена бензинска на „Макпетрол“

Непознато лице вчера попладне ја ограбил бензинската пумпа „Макпетрол“ на скопскиот булевар „Македонско Косовска Бригада“. Непознатото маскирано лица, со пиштол му се заканил на вработениот и од касата одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата се уште трага по крадецот и работи на целосно расчистување на кривичното дело.

Ограбена златарница во Скопје

Вчера, околу 19.15 часот, во Скопје, на улица Кеј 13 Ноември, непознат сторител вооружен со огнено оружје извршил разбојништво во златарницата „Рубин“, информираат од МВР. Сторителот, откако влегол во продавницата, каде присутни биле две вработени, со оружјето го искршил стаклото од витрината, одзел 16 подебели синџирчиња и го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Маскирано лице ограбило спортска обложувалница

Непознато лице со огнено оружје вчера, околу 21 часот, ограбило спортска обложувалница на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Лицето, кое било маскирано, од тројцата вработени во обложувалницата „Д слот“ одзело 35.000 денари и го напуштило местото. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Заложничката драма во Рубе била обид за грабеж

Полицијата ја реши заложничката драма во градот Рубе, на северот на Франција, а како што јавуваат француските медиуми, таа не е поврзана со тероризам. Според полициски извори, не станува збор за терористички напад, туку за обид за грабеж на банка. Заложчничката драма почнала околу 19 часот, по локално време, а според полицијата, завршила нешто пред полноќ. Весникот „Ле Монд“ јавува дека...

Украле метален сеф од туристичка агенција

СВР Штип по преземени мерки и дејства откри и приведе четири лица: М.К.(23), Љ.Љ. (21), А.И. (22) и К.А. (24), сите од Скопје, кои на 16 септември годинава извршиле тешка кражба во туристичката агенција „Авто атом“ Кочани, од каде одзеле метален сеф. По брзата интерванција на полицијата, на улицата Димитар Влахов во Кочани извршен е преглед на автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, при...

Го затекнале при грабеж, па се заканил со пиштол

На 12 септември годинава, околу 20 часот, полициски службеници од полициската станица Кавадарци го привеле С.Н.(31) од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека извршил разбојничка кражба. Осомничениот половина час пред неговото приведување, влегол во куќа лоцирана на улицата Шишка во населба Глишиќ во Кавадарци и во моментот кога одзел кутија со мобилен телефон, бил затекнат на местото на настанот од сопственикот на куќата. За да го...

Од стан во Скопје украдени 300.000 денари

Во периодот од 14 до 16 септември годинава, во Скопје, на булеварот Кочо Рацин, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во стан, сопственост на О.С. (55), од каде одзел разновиден златен и сребрен накит, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вооружен грабеж на бензинска станица во Куманово

Доцна синоќа се случил вооружен грабеж на бензинска станица во Куманово. Грабежот, како што информираат од МВР, се случил  нешто по полноќ, на бензинската станица „Китка петрол“, лоцирана на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка. Две машки лица, маскирани со маски на глава, ракавици и со пиштоли, влегле во бензинската станица. Едното му вперило пиштол в глава на вработениот и потоа двапати го удрило со...

Го ограбиле газдата и му одзеле 17.500 евра

СВР Скопје до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против лицата К.И. (38), Ј.С. (19) и на возраст од 16 години, сите од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ на РМ. Имено, на 15 овој месец во ПС Гази Баба од страна на оштетениот Р.С. (73) од Скопје пријавено е дека е...

Спречен грабеж на бензинска пумпа во Куманово

Припадници на полицијата спречија обид за вооружен грабеж на бензинската пумпа „Твинс петрол“ во Куманово. Како што соопшти МВР, утринава околу 4 часот, на бензинската пумпа „Твинс петрол“ двајца маскирани сторители извршиле обид за разбојништво над вработената. – Откако влегле во бензинската пумпа, едниот од нив извадил пиштол, со кој ѝ се заканувал на вработената. Бидејќи на наведената бензинска пумпа веќе неколкупати...

Ограбени три цркви во Гостиварско, одземени 6.000 денари

Вчера во полициската станица во Гостивар било пријавено дека во временскиот период од 12 до 18 јули, во селото Церово, непознат сторител со употреба на соодветен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 600 денари, по што го напуштил местото на настанот. Исто така, било пријавено и дека во временскиот период од 16 до 18 јули во Ново Село, Гостиварско, непознат сторител со...

Ограбена бензинска пумпа, одземени 3.000 денари

Утринава, околу 2.30 часот, на улицата Железничка во Куманово, поточно на бензиска пумпа „Твинс петрол“, три непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле околу 3.000 денари, по што го напуштиле местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ограбени мигранти кај Негорци

Вчера, околу 3.45 часот, на излезот од селото Негорци кон селото Прдејци, М.А. (23) од Ирак, кој се движел со уште четири сириски државјани, бил пресретнат од возило од кое излегле три непознати лица и со закана со оружје им било извршено разбојништво, при што им одзеле пари, мобилни телефони и друго, по што го напуштиле местото на настанот, стекнувајќи противправна...

Ограбен манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“

Непознато лице го ограбило манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во село Варовиште, Крива Паланка. Крадецот, како што соопштија од МВР, во периодот од 1 до 11 јули годинава, со употреба на физичка сила, извршил тешка кражба во помошен објект - казаница, при што одзел четири бакарни предмети од казан, со што стекнал противправна имотна корист од околу 70.000 денари. Полицијата работи...

Зошто младите од генерацијата „Зед“ се чувствуваат истоштено на своите работни места?

Исцрпени и под притисок уште во најраната фаза од нивната работна кариера. Многу од младите од генерацијата „Зед“ (Gen-Z) се чувствуваат истоштени на своите работни места и дожуваат 'burn...