Непознато лице го ограбило манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во село Варовиште, Крива Паланка.

Крадецот, како што соопштија од МВР, во периодот од 1 до 11 јули годинава, со употреба на физичка сила, извршил тешка кражба во помошен објект – казаница, при што одзел четири бакарни предмети од казан, со што стекнал противправна имотна корист од околу 70.000 денари.

Полицијата работи на расветлување на случајот.