fbpx

Спречен грабеж на бензинска пумпа во Куманово

-

Припадници на полицијата спречија обид за вооружен грабеж на бензинската пумпа „Твинс петрол“ во Куманово.
Како што соопшти МВР, утринава околу 4 часот, на бензинската пумпа „Твинс петрол“ двајца маскирани сторители извршиле обид за разбојништво над вработената.

– Откако влегле во бензинската пумпа, едниот од нив извадил пиштол, со кој ѝ се заканувал на вработената. Бидејќи на наведената бензинска пумпа веќе неколкупати има извршено разбојништво со закана со огнено оружје, полициски службеници од станицата од Куманово биле во заседа, при што во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат. Еден од сторителите со пиштолот в рака се свртел кон полициските службеници, по што истите истрелале најпрво во воздух, а потоа неколку истрели кон сторителите – се наведува во соопштението на МВР.
Според полицијата, сторителите во тој момент се дале во бегство, но едниот од нив од здобиените повреди паднал, а другиот побегнал.

– По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека станува збор за Б.Х. (19) од село Синѓелиќ. Вториот сторител побегнал од местото на настанот со возило. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово, Б.Х. бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа, при што бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол – се додава во соопштението на МВР.
Од Министерството информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...