Маскирано лице ограбило спортска обложувалница

Непознато лице со огнено оружје вчера, околу 21 часот, ограбило спортска обложувалница на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.

Лицето, кое било маскирано, од тројцата вработени во обложувалницата „Д слот“ одзело 35.000 денари и го напуштило местото.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.