fbpx

Кичевец украл евра, долари и злато од возило со американски ознаки

-

Кичевецот Е.М. (20) ограбил џип со американски регистарски таблички, од кој одзел 9.450 евра и 4.720 американски долари, поголем број златни синџири и друг златен накит, како и четири патни исправи.

Поради постоење основан сомнеж дека извршил кражба, полициската станица од Кичево му поднесе кривична пријава.

Пријавениот, на 28 јули годинава, од возилото одзел кожена женска чанта, со што стекнал противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Кражбата се случила во ноќните часови на паркиралиште на улицата Маршал Тито во Кичево, во близина на угостителски објект.

Џипот „чироки“ бил оставен незаклучен, од сопственикот, жител од селото Колибари.

Во моментот на претресот, кај Е.М. пронајдени се 4.100 американски долари, а при извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се и другите пари и златни предмети.

Дополнително, пронајдени се и патните исправи што пријавениот ги сокрил во близина на куќа на улицата Маршал Тито.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...