Утринава, околу 2.30 часот, на улицата Железничка во Куманово, поточно на бензиска пумпа „Твинс петрол“, три непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле околу 3.000 денари, по што го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.