fbpx
Таг: документи

таг: документи

Шилегов обвини дека Владата одбила барања за реконструкција на болници

Петре Шилегов ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и притоа приложи документи од Владата со кои тој тврди дека неколку барања за обнова на здравствени установи и за набавка на медицинска опрема биле одбиени со едно исто образложение - да не се преземаат активности што создаваат нови финансиски обврски за буџетот. - Лагите и лицемерието на Никола Груевски и на Никола Тодоров немаат крај. Последниве денови...

И Наумов се жали на опструкции: Од Финансии не ми даваат никакви документи и податоци

„Министерство за финансии продолжува со ист начин на работа како и претходно и во последниот месец, откако сум повторно на функција, немаме никаква соработка“, се пожали дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, на средбата со претседателот на Стопанска комора на Сојузот на Северозападна Македонија, Неби Хоџа. Тој додаде дека ниту еден документ што го побарал од кабинетот на министерот за финансии,...

Ристоска: Загрижени сме затоа што државна институција одбива да спроведе судска наредба

Обвинителката Ленче Ристоска денеска на прес-конференција информираше дека истражителите и обвинителите на СЈО сè уште не успеале да се договорат со Управата за безбедност и контраразузнавање за на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство да им дадат пристап до системите за прислушување. - Ние од Основниот суд Скопје 1 прибавивме две судски наредби. Едната е за одземање службена документација на УБК која...

Јанева: Влеговме во УБК со судски налог за да видиме кој прислушувал

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска со својот тим влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање и најави дека оттаму нема да излезе сè додека не си ја заврши работата. - Влеговме во Управата за безбедност и контраразузнавање за конечно да се дознае кој прислушувал, дали УБК или странските служби - изјави денеска пред зградата на МВР специјалната јавна обвинителка,...

Документи покажуваат дека Албанија увезувала отпад и кога имало забрана

Документи што протекоа во јавноста покажуваат дека Албанија дозволила увоз на отпад во 2014 година и покрај фактот што таков увоз беше забранет од владата на социјалистите, кои беа на власт во 2013 година. Според албанскиот портал „Лапси“, официјални документи од албанската царина покажуваат дека 333.553 тони различен вид отпад биле увезени во Албанија. Видот на отпадниот материјал варирал од пластика...

Данска ќе купи дел од панамските документи во борба против затајувањето данок

Данскиот министер за даноци, Карстен Лаурицен, изјави дека данските власти ќе ги купат податоците од панамската правна фирма „Мосак Фонсека“, која им помагала на своите клиенти да отворат офшор-компaнии за да избегнат плаќање даноци во своите држави. Лаурицен изјави дека данската даночна и царинска управа добила анонимна понуда доколку сака да ги купи податоците од панамските документи кои би можеле да...

СЈО да се изјасни дали градоначалникот Tалески има право на потпис од притвор

Битолските советници денеска на седница на Совет расправаат за кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2016 година, потпишан од градоначалникот Владимир Талески. Откако градоначалникот го предложил буџетот, сега од дома бара извештај како тој се извршува, потврдуваат службите на Општина Битола. Опозициските партии во Советот побараа оваа точка да се повлече од дневниот ред и да не се дискутира...

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидати за градоначалници на локалните избори во 2017 година

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за престојните локални избори, кои треба да се одржат догодина. Како што стои во повикот, тој се однесува на сите 84 општини, а кандитат за градоначалник може да биде секој граѓанин што ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и со закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој...

НСДП се сомнева дека притворот на Талески се спроведува според закон

Општинската организација на НСДП од Битола се сомнева и изразува сериозна загиженост за тоа дали куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, се спроведува според закон. „Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото...

Истражители на СЈО проверуваат дали Талески од куќен притвор потпишува документи

Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство утрово пристигнале во Општина Битола, каде како што дознаваме, треба да извршат увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески. Од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“ потврдуваат дека нивните истражители се во Општината. Оттаму велат дека тие се таму за да проверат дали евентуално има пропусти во спроведувањето на куќниот притвор,...

Уапсени осум лица во Италија поради шверц на мигранти

Италијанската полиција денеска уапсила осум лица осомничени за шверц на луѓе и фалсификување на документи, јавуваат светските агенции. Водачот на групата, инаку радикален исламист со потекло од Тунис, според информациите, бил уапсен претходно. Осуммината уапсени, од кои ниту еден не е Италијанец, според италијанската полиција, од компанија за производство на текстил северно од Неапол набавувале лажни договори и листи...

„Викиликс“: Подгответе се за борба, стигнуваат документи за Турција

„Викиликс“ денеска соопшти дека планира да објави документи за структурите на политичка моќ во Турција, по пропаднатиот обид за државен удар во земјата. „Подгответе се за борба откако ќе објавиме повеќе од 100.000 документи за структурите на политичка моќ во Турција“, стои на твитер-профилот на „Викиликс“. https://twitter.com/wikileaks/status/754866748067807233

Финансиската полиција ги проверува јавните набавки на Општина Струмица

Четворица инспектори на финансиската полиција денеска влегле во Општина Струмица и почнале со проверки на документацијата за јавни набавки на Општината. Од Општината засега не прецизираат за кои јавни набавки се интересирале инспекторите. Во писмена рекација оттаму велат дека од страна на Општината и на нејзините служби, обезбедени и дадени на увид биле сите неопходни документи. „Не е првпат Општина Струмица...

Нетранспарентоста – најголем проблем во спроведувањето на јавните набавки

Сите балкански држави се соочуваат со слични проблеми кога станува збор за јавни набавки, рекоа претставници од Коалицијата на граѓанските организации „Балкан тендер воч“ (Balkan Tender Watch), на конференцијата „Надзор врз јавните набавки: Ризици од корупција идентификувани од граѓанските организации“. Набавките најчесто се спроведуваат од големи компании и најчесто најниската цена е единствениот критериум. Исто така, институциите многу ретко ги планираат...

Во „Мосак Фонсека“ пронајдени уништени документи

Панамските истражители во текот на истрагата на канцеларијата на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ пронашле остатоци од уништени документи. „Одзедовме големо количество докази што ги најдовме во просториите на компанијата“, изјави вештакот за организиран криминал, Хавиер Карабаљо. Тој наведе дека помеѓу одземените документи имало многу хартии кои биле уништени во машини за уништување документација. Компанијата „Мосак Фонсека“ издаде соопштение во кое тврди дека хартиите...

Даночната управа на Србија ќе ги проверува наводите од „Панама пејперс“

Даночната управа на Србија соопшти дека по повод случајот „Панама пејперс“, изнесените наводи ги проверува во координација со другите државни органи. Мрежата за истражување криминал и корупција објави имиња на 18 лица од Србија, кои основале офшор-компании преку панамската адвокатска агенција „Мосак Фонсекa“ од која протекоа документите.  

„Зидојче цајтунг“: Нема да ги објавиме сите документи од Панама

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ кој прв дојде до „Панама пејперс“, денеска соопшти дека нема да ги објави сите досиеја. Весникот најавува дека целиот комплет од 11,5 милиони документи „нема да ѝ биде достапен на јавноста, ниту на правосудните органи. „Зидојче цајтунг“ додава дека властите имаат овластувања да добијат такви документи од осомничените, но дека во најголем дел од случаите не постои...

„Мост“: Финансиска полиција ни побара документација

Граѓанската асоцијација „Мост“ во понеделникот добила најава за посета од Финансиската полиција, по што имале состанок на кој им биле побарани документи за нивното финансиско работење. - Во понеделникот имавме состанок со Финансиската полиција на кој разговаравме со инспекторите. Коректно и прецизно ни побараа да ја подготвиме нашата документација и ни дадоа неколку дена за да ја доставиме. „Мост“ работи во...

„Мосак Фонсека“: Никој не известува за хакерскиот упад

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ која е во центарот на скандалот „Панама пејперс“, изјави дека неговата компанија е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на сите светски лидери и познати личности што ги криеле парите во даночните оази. Адвокатот на фирмата од каде што протекоа документи за регистрирање на...

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...