fbpx

НСДП се сомнева дека притворот на Талески се спроведува според закон

-

Општинската организација на НСДП од Битола се сомнева и изразува сериозна загиженост за тоа дали куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, се спроведува според закон.

„Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото и да влијае на сведоците, сметаме дека со ова признание се фрлаат сериозни сомнежи дали мерката се спроведува и обезбедува согласно Законот за кривична постапка (ЗКП)“, велат од НСДП.

Опозациската партија бара органите задолжени за спроведувањето и контролата на куќниот притвор да проверат „дали мерката се спроведува и почитува на начин како што е опишан во решението на судот“.

За спроведувањето на куќниот притвор на Талески, инаку, е задолжена битолската полиција.

Талески, вчера по завршувањето на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје, во врска со жалбата за продолжувањето на куќниот притвор од 21 јули, потврди дека потпишува службени документи додека е во притвор.

– Се разбира дека потпишувам и освен мерката куќен притвор, јас немам ниту една друга забрана – изјави Талески.

Истражители на Специјалното јавно обвинителство, во петокот минатата недела беа во Општина Битола за да проверат дали има пропусти во спроведувањето на куќниот притвор на Талески и дали тој врши службени дејствија и потпишува документи додека ја издржува мерката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...