fbpx
Таг: Бенјамин Нетанјаху

таг: Бенјамин Нетанјаху

Израел се подготвува за копнена инвазија во Газа, Нетанјаху порача: „Одиме до победа“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им соопшти на војниците собрани на границата со Газа „дека наскоро ќе ја видат палестинската енклава одвнатре“, сугерирајќи дека се приближува очекуваната копнена инвазија со цел да се уништи Хамас, пренесува Ројтерс. Израел вчера ја нападна Газа со нови воздушни напади, како одговор на нападот од 7 октомври, кога вооружени лица на Хамас убија...

Во Израел се таложи гневот против премиерот Нетанјаху – се ближи ли крајот на неговото владеење?

На еден израелски министер не му било дозволено да влезе во болница на влезот за посетители. Телохранителот на друг министер бил плиснат со кафе од страна на еден ожалостен маж. Трет министер, односно министерка, била нарекувана „предавничка“ и „имбецил“ кога пристигнала да ги теши семејствата евакуирани од ужасот, пишува новинската агенција „Ројтерс“. Шокот од масакрите извршени од Хамас на 7...

Погодена е болница во Газа: Најмалку 500 мртви, Израел негира вмешаност

Најмалку 500 луѓе загинале во бомбашки напад врз болница во градот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, a пренесоа светските агенции. Портпаролот на министерството во изјавата тврди: „Првите проценки покажуваат дека меѓу 200 и 300 луѓе биле убиени во бомбардирањето на Баптистичката болница во градот Газа“. Министерството подоцна ја ревидира бројката на најмалку 500 загинати лица. Оттаму известиле дека израелски воздушен напад...

Нетанјаху: Израел ќе ги разбие „крвожедните чудовишта“ на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат денеска свика вонредна владина седница во Тел Авив, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство, пренесе Гардијан. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од како што рече „крвожедните чудовишта“. Говорејќи на седницата, која започна со молк за 1.300 израелски жртви кои беа убиени од...

Израел се обидува да врати целосна контрола на територијата, Нетанјаху предупреди на „долга и тешка војна“

Стотици лица во Израел и Газа се убиени, а илјадници други повредени по ненадејниот напад што вчера од Појасот Газа го изврши милитантната група Хамас. Израелските медиуми, повикувајќи се на информации од спасувачките служби, објавија дека најмалку 250 лица се убиени, а 1.500 ранети, што го прави вчерашниот напад најсмртоносен во Израел во последните децении. Во појасот Газа загинаа најмалку...

Бајден: Поддршката за Израел е непоколеблива, граѓаните имаат право да се бранат

Најмалку 200 луѓе се убиени во Израел откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, информира израелската служба за итни случаи за спасување, пренесе Си-Ен-Ен. Дополнително, израелското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 1.452 лица се ранети. Американскиот претседател денеска од Белата куќа изјави дека поддршката на САД за Израел е непоколеблива и цврста. Нема информации за тоа каде...

МНР: Седуммина македонски државјани се во Витлеем, кој не е погоден од нападите во Израел

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи информира дека седуммина граѓани на С. Македонија во моментов се во државата, но не се наоѓаат во загрозените подрачја. „МНР ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Според...

Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ, Нетанјаху ѝ се заблагодари на земјава за поддршката на Израел

Викендов низ светот се одржаа пропалестински протести, а денеска и во Скопје имаше протест за поддршка на палестинскиот народ. Социјалниот центар „Дуња“ и „Гласни идеи“ на плоштадот Македонија го организираа протестот во знак за солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор. Левичарскиот протест помина во апел за да сопре окупацијата на Газа и нејзиното бомбардирање од страна на Израел,...

Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја суспендираше спогодбата со Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за преселба на илјадници мигранти од Африка во западните земји, и тоа неколку часа откако беше објавено склучувањето на спогодбата. Според спогодбата, голем дел од 16.000 Африканци што бараат азил во Израел треба да бидат испратени во западните земји, а не вратени во матичните земји. Но,...

Нетанјаху: Прашањето со Ерусалим е веќе решено

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим на Светскиот економски форум во Давос. Нетанјаху вели дека тоа прашање „веќе е решено“. Белата куќа соопшти дека Трамп ќе настојува да ја повтори американската силна посветеност на Израел и напорите да се намали влијанието на Иран врз Блискиот исток како начин да се...

Илјадници граѓани во Израел протестираа против Нетанјаху

Илјадници граѓани во Тел Авив и во 17 помали градови во Израел синоќа протестираа против премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува „ХРТ“. Демонстрантите потсетиле на низата истраги поврзани со корупција што се водат против израелскиот премиер. Со песни и транспаренти со неговиот лик, како и пораки дека местото му е во затвор, демонстрантите го прозвале и главниот државен обвинител на Израел, тврдејќи...

По САД, и Израел најави повлекување од УНЕСКО

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска дал инструкции на министерството за надворешни работи да го подготви повлекувањето на земјата од УНЕСКО, јавуваат светските медиуми. Ова го соопштила израелската влада неколку часа откако САД најавија дека се повлекуваат од УНЕСКО поради „состојбата во организацијата, потребата за реформа и особено поради антиизраелскиот однос на организацијата“. Нетанјаху ја поздрави одлуката на претседателот на САД,...

Заев – Нетанјаху: Македонија и Израел заедно стојат на страната на мирот во светот

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Двајцата лидери испратиле порака дека стојат заедно на страната на мирот во светот. - Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од минатото како да ја обезбедиме...

Сослушана сопругата на Нетанјаху поради трошење јавни пари за приватни цели

Израелската полицијата два часа ја испитувала сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомнеж дека користела јавни пари за приватни трошоци. Како што пренесува израелското јавно радио, таа е испитана вчера во седиштето на Националната единица за разоткривање проневери во Тел Авив, поради обвинението дека користела јавни пари за лични трошоци за водење на домаќинството во официјалните и во приватните резиденции. Како...

Израелскиот обвинител побара истрага против премиерот Нетанјаху

Израелскиот обвинител Авишај Менделблит побарал да се отвори истрага против премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, соопштило вчера израелското министерство за правда, јавуваат локалните медиуми. Според медиумите, станува збор за сомнежи дека израелскиот лидер или некој од неговото семејство примил голема сума пари од странство. Сепак, од министерството за правда не соопштиле за каква истрага точно станува збор. Израелските медиуми минатата недела пишуваа...

13-годишна Израелка избодена до смрт на спиење

Тринаесетгодишна Израелка била избодена со нож до смрт, во напад кој се случил денеска во еврејска населба во окупираниот Западен Брег, јавуваат светските медиуми. Халел Јафа Ариел била нападната додека спиела во својата соба, во населбата Кирјат Арба. Чуварите на населбата го убиле напаѓачот, а при интервенцијата еден од нив бил потешко повреден со нож во лицето. Израелското министерство за здравство...

Израел планира смртни казни за палестинските екстремисти

Идниот министер за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, инаку лидер на ултранационалистичката партија „Израел наш дом“ како клучен услов за негово влегување во владејчката коалција го поставил воведувањето смртна казна за палестинските екстремисти, јавуваат светските медиуми. Извори блиски на неговата и на владејчката партија Ликуд навеле дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласил со барањето на Либерман. Во Израел досега...

Израелскиот министер за одбрана поднесе оставка

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон денеска поднесе оставка бидејќи „нема доверба“ во премиерот Бенјамин Нетанјаху. Премиерот предложи смена на министерот за одбрана за да го прошири составот на владејачката коалиција. - Го информирав премиерот дека поради неговото однесување и неодамнешните случувања, но и поради тоа што не му верувам, јас се повлекувам од владата и парламентот и ќе се повлечам...

Нетанјаху ја објави својата платa на „Твитер“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на „Твитер“ ја објави својата плата за февруари, објаснувајќи дека тоа го направил за транспарентност, јавуваат израелските медиуми. Од листата за плата се гледа дека Нетанјаху примил 11.270 евра за еден месец работа. Тоа, според податоците од Централното биро за статистика на Израел, е околу пет просечни плати во Израел. Сепак, даноците во Израел се високи,...

Нетанјаху одбил средба со Обама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одбил месецов да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа поради острата предизборна кампања во САД. Белата куќа вчера соопшти дека Нетанјаху одбил да се сретне со Обама, што е потег кој се толкува како нова епизода во нарушените односи меѓу двете земји, особено по склучувањето на договорот со Техеран за...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...