fbpx
Таг: апсења

таг: апсења

Германија најави воведување мерки против Турција

Германското министерство за надворешни работи ќе издаде безбедносно предупредување до граѓаните на Германија кои планираат да патуваат во Турција. Ова е една од мерките против Анкара што денеска ги најави шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, по апсењето на активисти за човекови права во Истанбул, од кои еден е германски државјанин. „Имајќи ги предвид зачестените случаи на произволни апсења на...

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 лица донело наредба за спроведување...

Се апсат десетици лица во две турски министерства поради наводна поврзаност со Ѓулен

Обвинителството во Анкара издаде десетици наредби за апсење на вработени во две турски министерства во рамките на истрагата за организацијата ФЕТО на проповедникот и опозиционер Фетулах Ѓулен, јави турската телевизија „Си-ен-ен Турк“. Наредби за апсење се издадени за 30 вработени во турското Министерство за образование и за 17 вработени од Министерството за транспорт, навигација и за комуникација. Осомничените лица се...

Превентивни апсења во Франција поради страв од терористички напади

Француската полиција спроведува „превентивни апсења“ и поставува бетонски бариери на божиќните базари, стравувајќи од терористички напади во земјата, слични на неодамнешниот напад во Берлин. Портпаролот на француската влада рече дека се контактирани божиќните базари за да се спроведат сите безбедносни мерки, вклучувајќи проверка на багаж. Во Франција во напади на исламистите во изминатите две години беа убиени повеќе од 230 лица,...

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција да преземе соодветна акција при...

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното обвинителство за „Мета“ го потврдија учеството на македонските власти во антитерористичката операција и најавија повеќе...

ЕУ загрижена поради апсењата на курдските пратеници во Турција

Европската Унија е длабоко загрижена поради апсењето лидери и пратеници на прокурдската Народна демократска партија (НДП) во Турција и по тој повод контактирала со Анкара, изјави високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Могерини на „Твитер“ објави дека Унијата контактирала со турските власти и оти е повикан на состанок амбасадорот на ЕУ во Анкара. Странските агенции...

Разбиена банда крадци на луксузни возила во акција на Европол

Европската полиција (Европол) денеска соопшти дека разбила меѓународна организирана криминална група, чии членови се осомничени за кражби и за препродавање на луксузни автомобили во Европа и во Северна Африка. Полициите на Италија, Шпанија и на Белгија извршиле 28 апсења и претреси на 29 локации во Италија и во Шпанија, соопшти Европол. Според информациите, водачите на криминалната група се со потекло од Италија...

Издадени налози за апсење на 42 новинари во Турција

Турските власти издале налози за апсење на 42 новинари, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации на турската приватна телевизија НТВ. Според информациите, станува збор за последен случај на апсења по неуспешниот обид за државен удар во земјата пред десет дена. На листата на новинари за кои се издадени налози за апсење, според НТВ, се наоѓа и името на познатата коментаторка...

Уапсени 10 лица во Бразил кои планирале напад за време на Олимписките игри

Бразилската полиција уапсила 10 лица осомничени дека подготвувале терористички напади за време на Олимписките игри, кои на 5 август треба да почнат во Рио де Женеиро, јавуваат светските медиуми. Според бразилските власти, осомничените не биле членови на Исламска држава, но се обиделе да стапат во контакт со терористичката група. Од министерството за правда соопштиле дека групата била во подготвителна фаза на...

Во Турција уапсени двајца уставни судии

Двајца членови на Уставниот суд на Турција се уапсени и задржани на распит во акцијата на турските власти по минатонеделниот обид за државен удар, јави денеска приватната телевизија НТВ. Досега, околу 60.000 воени лица, полицајци, судии, државни службеници, професори и наставници се суспендирани или отпуштени, а некои од нив се уапсени и се под истрага. Уставните судии се дел од 113...

Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

Уапсени се четири лица за кои постојат сомневања дека имаат врска со Мохамед Булел, кој во Ница усмрти 84 лица. Француската полиција и на почетокот на викендот врши рации низ целата земја во обидот да пронајде нови докази во врска со нападот што се случи во четвртокот. Мохамед Булел е идентификуван како вршител на нападот и официјално е потврдено дека го возел...

Нови апсења во Турција поради нападите на аеродромот „Ататурк“

Турската полиција уапси и поднесе обвинение против нови седум лица осомничени во врска со нападите на аеродромот во Истанбул, во кој беа убиени 47 луѓе, јавуваат турските агенции. Со ова, вкупниот број на обвинети лица поврзани со овој напад се искачи на 37. Според властите, се работи за 22 странци и за 15 Турци кои се осомничени за членство во вооружена...

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на државата. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изнесе...

Уапсени 28 лица во Турција поради наводна поврзаност со имамот Ѓулен

Турската полиција денеска, во опсежна акција, уапсила 28 лица во неколку градови во земјата, обвинети за поврзаност со имамот во егзил, Фатулах Ѓулен, кој му е противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми. Според информациите, рации биле изведени во Истанбул и во неколу градови во Анадолија, во централниот дел на Турција. Уапсените, како што пишува весникот „Хуриет“, се...

Нови апсења на шверцери на бегалци во Грција

Тројца Бугари и еден Словенец се уапсени во Грција поради обид за нелегално пренесување бегалци и мигранти преку грчко-македонската граница. Вчера грчката полиција во близина на Кукуш откри комби со 25 бегалци од Авганистан, Пакистан и од Сирија, кое се движело во насока на македонската граница. Бегалците биле откриени при рутинска проверка на возилата. Возачот на комбито успеал да избега,...

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции. Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини. Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници. Во соопштението на обвинителство било наведено дека обвинетите...

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО. - Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше....

Уапсени милитанти во Белгија и во Франција

Белгиската полиција синоќа уапсила шест лица во рамки на истрагата за терористичките напади во Брисел, соопшти канцеларијата на федералното белгиско обвинителство. Одлуката за подигнување обвиненија против осомничените ќе биде донесена денеска. Нивото на антитерористичката готовност во Белгија е подигната на максимално ниво, еден час по нападите, а намалена е синоќа на трето ниво. Белгискиот министер за внатрешни работа и правосудство поднесоа оставки,...

Спасовски: Без сензационализам во постапките

На Република Македонија и на МВР не им се потребни сензационализми, изјави министерот за внатрешни работи во техничката влада Оливер Спасовски, најавувајќи нова практика во МВР на апсења без камери. - Сензацијата е нешто што прави добар „пи-ар“, но прашање е колку има добар ефект. Најдобро е да имаме правилни и темелни истраги, да ги расчистуваме ситуациите и случаите и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...