fbpx
Таг: амандмани

таг: амандмани

Скопскиот буџет за 2024 пред советниците: Политикантство и по некој амандман

Советот на град Скопје денеска расправа за усвојувањето на градскиот буџет за 2024 година. Од ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток укажаа дека на седницата треба да биде присутна градоначалничката Данела Арсовска, генералниот секретар на градот Скопје и претставник на Секторот за финансии при градот Скопје. По кратката пауза што ја даде претседателот на советот Трајко Славески за да дојде претставник...

ОДАС: Одбиени амандманите за средношколците и студентите

Организицијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска соопшти оти до сите пратенички групи во Собранието поднеле амандмани на Буџетот за 2024 година кои се однесуваат на младите, средношколците и студентите. Нивните предлози, како што велат од ОДАС, на седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието биле одбиени од страна на претставник на Владата и...

ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани ќе го блокира идниот буџет на Општина Карпош

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на општина Карпош. Ова денеска го најави Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош. Од партијата сметаат дека на овој начин ќе ги спречат сите обиди за носење на криминални детални урбанистички планови, кои...

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за да ги изгради автопатите ќе треба да користи барем половина од ресурсите во државава, при што како подизведувачи би биле ангажирани механизација и градежни компании. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не треба да постои сомнеж за изградбата на четирите автопати, но и додаде дека договорот со овој конзорциум не се објавува бидејќи има доверливи податоци...

Мноштво реакции за законските измени за изградба на автопатите што се во Собрание

Предложените измени и дополнувања на осум закони за забрзување на изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“ откако вчера поминаа на прво читање во Собранието на РСМ, денеска експресно се најдоа пред дел од собраниските комисии. Во собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска се најдоа на разгледување предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи. Веќе утре, во...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите за платите во судството и обвинителството ги поднесе поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски уште во декември лани. Законите се најдоа на дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем...

Не е прифатен ниту еден амандман на Законот за инспекциски надзор во животната средина

Ниту еден од предложените 23 амандмани на Предлог-Законот за инспекциски надзор во животната средина, предложени од Граѓанскиот инспекциски совет и на Алијансата „Разбистри сè“, не е прифатен. Меѓу другите, дел од законот нема да станат и барањата инспекторите да имаат опрема и да вршат индикативни мерења на загадувачките супстанции, пасивно да дежураат за викенд и ноќе, задолжително да користат...

Вистиномер: Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

Во продолжение пренесуваме текст на „Вистиномер“ кој ја анализира вистинитоста на изјавата на пратеничка од СДСМ во однос на гласањето за прогласување на недела за ден на неделен одмор: На 20.12.2021 Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден против го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор....

Усвојувањето на буџетот за 2022 година пред пратениците, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани

Пратениците денеска ја започнаа расправата во Собранието за предлог-државниот буџет за 2022 година. Вкупните приходи догодина се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 проценти повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или...

За да се спречи блокада со амандмани, Законот за попис ќе оди во Собранието по скратена постапка

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција посочи дека ќе предложи до Владата измените на законот со кој ќе се одложи пописот да се испрати до Собранието со европски знаменце и по скратена постапка со што нема да има можност за блокада на неговото донесување со амандмани. „Измените во законот за попис се мали и за нив не треба...

Алијанса за Албанците и Алтернатива со 19.500 амандмани дополнително го блокираа Собранието

Блокадата на работењето на македонскиот парламент продолжува. Албанската опозиција предводена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесе над 19.500 амандмани на 10 предлог-закони што се најдоа денеска на расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со ова, бројот на блокирани закони во Собранието порасна на 20, за што од албанската опозициска коалиција се поднесени 32.000 амандмани. Високиот број амандмани...

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот на екологистите, во буџетот...

Собранието го одби амандманот на О2 Иницијатива за поставување филтри на оџаците на јавните институции

Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а како последица на тоа...

Средбата на партиите за Законот за јавно обвинителство нема да се одржи

И покрај тоа што беше закажана, заедничка средба на партиите денеска за Законот за јавно обвинителство нема да има, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не дава амандмани и нема да учествува. Министерката за правда Рената Дескоска ќе има средби само со тие партии што дале амандмани. Најдоцна до задутре, Законот за ЈО ќе биде поднесен во Собрание, за да се гласа на 11...

Партиите до утре на пладне треба да достават амандмани за Законот за јавно обвинителство

Политичките партии кои имаат забелешки на предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани утре до 12 часот, беше заклучено на денешната средба на работните групи на политичките партии кои разговараа во Собранието. Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека дел од партиите уште на денешната средба доставиле амадмани, дел најавиле дека тоа ќе го сторат утре, а...

Комисиската седница за Изборниот законик е откажана, се чека преводот на 5.899 амандмани

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да почне амандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи е откажана. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, во Собранието изјави дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени на предлог-законот. Тој информираше дека досега...

ДУИ поднеле пет од шесте илјади амандамни за измените на Изборниот законик

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик, затоа што смета дека процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава, изјави денеска пратеникот на оваа партија, Артан Груби. – Сметаме дека...

Ангеловска: Амандманите за буџетот да се предлагаат анонимно

Министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за буџетот за 2020 предложи промена на процесот на доставување амандмани, односно да се искористи технологијата и истите да се предлагаат анонимно. На тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека амандманите не се прифаќаат бидејќи доаѓаат од опозицијата, министерката одговори дека единствена основа врз која се предлага или одбива амандманот е...

Прифатени амандмани на ребалансот на буџетот за проекти за локална инфраструктура

Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекти од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии, Ширет Елези. „Станува збор за два амандмани, едниот предложен од пратеници од владејачкото мнозинство, а другиот од пратеници од опозицијата, во вкупна вредност од околу...

Поднесени над 40 амандмани за Предлог – законот за јавно обвинителство

Над 40 амандмани поднеле политичките партии за Предлог - законот за јавно обвинителство, кој денеска се разгледува на седница на Комисијата за европски прашања. Опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ поднела околу 20 амандмани, 16 се на СДСМ, 10 се на ДУИ и три на пратеничката Сурија Рашити. Претседателот на Комисијата, Артан Груби даде пауза веднаш по отпочнувањето на комисиската седница...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...