fbpx
Таг: СЗО

таг: СЗО

СЗО ги анализира податоците за Oмикрон кој се шири со брзина досега невидена кај претходните варијанти

Светската здравствена организација (СЗО) денес ќе одржи консултации за преглед на новите податоци поврзани со варијантата на коронавирусот, Oмикрон. Експертите ќе ги разгледаат достапните докази по што критички ќе ги оценат податоците и ќе го сумираат толкувањето на доказите и следните чекори, наведено е во соопштението. Претходно Тедрос Аданом Гебрехесус, на СЗО предупреди дека Омикрон се шири со најголема брзина...

СЗО истражува засега неидентификувана болест во Јужен Судан што убила речиси 100 луѓе досега

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека ја истражува смртта на речиси 100 луѓе што подлегнале на досега неидентификувана болест во Фангак, во државата Џонглеи во Јужен Судан, извести Би-Би-Си. Минатата седмица министерството за здравство соопшти дека непозната болест убила десетици луѓе во областа, што е една од најтешко погодените од неодамнешните поплави. Претставник на локалните здравствени власти рекол дека се земени...

Вистиномер: Купишта невистини дека ковид е заговорнички план на „сатанистите, глобалистите и фармацевтската мафија“

Фактите се дека СЗО нема забрането обдукции на починати од ковид-19. Само во С. Македонија, на Институтот за судска медицина извршени се повеќе обдукции на починати од ковид 19 во земјава, но само ако за тоа има индикација. Тоа е официјално потврдено од патолозите кои ги вршеле обдукциите. Уште на 1 јули 2020 година, имаше информации од завршени обдукции...

Вистиномер: Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два...

Стојанов: Коронавирусот мутира зашто луѓето не се вакцинираат

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на ковид, наречена B.1.1.529, а која е откриена во Јужна Африка. Овој нов мутант е повод претставниците на СЗО денеска да се состанат и да разговараат околу третманот и вакцините. Јужноафриканските научници откриле 30 мутации на спајк протеинот, делот од вирусот што се врзува за клетките во телото, што може да има...

Вистиномер: Дезинформација е дека ковид-19 не е дефиниран вирус

Фејсбук објава лажно тврди дека ковид-19 не е дефиниран вирус, туку дека станува збор за авиони кои прскаат отрови и живи вируси. Ова, се разбира, не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Ковид 19 не е дефиниран вирус туку агенда која вклучува хемиско прскање на тешки метали бактерии живи вируси, графен оксид,...

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 имаат одобрение за употреба

Фајзеровата вакцина е одобрена во сите 27 земји членки на ЕУ од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Истата агенција ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“. Ова одобрение за употреба на ЕМА трае една година. Од официјалната страница на ЕМА, може да се види дека за „Фајзер“ ова одобрение е продолжено на 3.11.2021 година, а...

Вистиномер: Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

Пандемијата со ковид во Србија не е завршена, а такво нешто не се ни предвидува дека ќе се случи наскоро за целиот регион, особено поради зимскиот период кој ни претстои и во чиј пресрет веќе се регистрирани зголемени бројки на инфекции и хоспитализации. Само во последните 24 часа во Србија, според официјалните статистики на Министерството за здравство, регистрирани се...

Пред Самитот во Глазгов, здравствените организации потсетија на придобивките од климатските активности

Светските лидери, кои ќе се соберат на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации COP 26 во Глазгов, добија отворено писмо од над 400 меѓународни здравствени организации и експерти, јавува Гардијан. Тие ги повикуваат политичарите да ги земат во предвид здравствените придобивки од климатските активности пред одржувањето на COP 26, кој е предвидено да започне на 31 октомври. „Знаеме дека...

Вистиномер: Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација

Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел...

Вистиномер: Квалитетот на лекувањето е само еден фактор од кој зависи смртноста од ковид

Една од многуте поенти во интервјуто со претставничката на СЗО, Кејти Смолвуд, каде таа вели дека со зголемувањето на бројот на пациенти во болниците опаѓа и квалитетот на болничка нега, бидејќи лекарите мора да се сосредоточат на поголем број пациенти, во рецензираниот напис се претставува како да е единствена причина за високата смртност од ковид во земјава. Меѓутоа, во...

Вистиномер: Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините

Во продолжение ја пренесуваме новата анализа на „Вистиномер“ за една дезинформација што се распространува преку Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е...

Вистиномер: Дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме објава на Фејсбук во која се изнесени бројни дезинформации и недоследности поврзани со вакцините...

СЗО ја следи новата варијанта на ковид-19 наречена „Му“ која може да е отпорна на вакцината

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари. СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот, наведува дека новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“. СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да...

СЗО и УНИЦЕФ: Сите училишта во Европа и Централна Азија да останат отворени и да бидат побезбедни

Додека милиони школски деца се враќаат на училиште низ европскиот регион каде што е доминантна високо преносливата делта-варијанта на САРС-КоВ-2, регионалната канцеларија на СЗО за Европа и регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија повикуваат училиштата да останат отворени и да се направат побезбедни преку донесување мерки за намалување на пренесувањето на вирусот. Ваквите мерки опфаќаат понуда на...

Д-р Александар Стојанов: И вакцинираните лица да избегнуваат собири

Вакцината штити од ковид и со неа е многу полесно да се функционира. Минатото лето немавме вакцина, а сега кога ја имаме, нема голем интерес за неа. Она што е многу важно е граѓаните да се вакцинираат, па и децата постари од 12 години, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје и поранешен...

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

Пост на Фејсбук шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност...

Вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од СЗО, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук-профил објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација (СЗО). „Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно...

СЗО ги преименува мутациите на корона вирусот со грчките Алфа, Бета, Гама и Делта

Светската здравствена организација (СЗО) реши мутациите на корона вирусот да се  именуваат со букви од грчката азбука, односно да нема повеќе користење на изразите, „британски“ или „индиски“ или слично, а исто така и да не се употребуваат ниту комбинациите од броеви и букви. Новите називи според грчката азбука, ќе одат според редоследот на нивното откривање. Варијантата што беше откриена...

Истражување на СЗО: Ковид-19 најверојатно потекнува од животно, но клучните прашања остануваат неодговорени

Заедничкото истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на ковид-19 од Вухан покажа дека е „многу неверојатно“ вирусот да се појавил од лабораторија, а најверојатното од четирите сценарија што ги евалуирале истражувачите е дека вирусот SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста ковид-19 се пренел од лилјаците на луѓето преку друго животно, известува новинската агенција „Асошиејтед прес“ која...

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...