fbpx

Судот чека доказ дека Талески го добил решението за куќен притвор

-

Кривичниот суд сè уште не го испратил предметот за битолскиот градоначалник Владимир Талески до Апелацискиот суд, иако, според најавите од судот, тоа требаше да се случи уште вчера.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбата на одбраната на Талески не е доставена бидејќи предметот сè уште не бил комплетиран.

„Се чекаат доставници од битолската полиција за да се доуреди предметот. Потребно е судот да добие доказ дека обвинетиот го добил решението на судот и дека и СВР Битола го добилo решението“, велат од Судот.

Битолската полиција од вчера попладне почна да го спроведува решението за куќен притвор и, како што велат оттаму, досега нивни екипи неколкупати провериле дали Талески е дома.

Битолскиот градоначалник со уште 22 лица е осомничен во случајот „Транспoртер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.

Судија не претходна постапка претходно донесе одлука на Талески да му биде одземен пасошот, но Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го укина ова решение и му одреди куќен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...