Средовечен маж се удавил во Охридско Езеро


       
Охрид, 19 јуни, 2017 - 10:32 (META) 

Безживотно машко тело, синоќа околу 17.50 часот, е забележано во водите на Охридското Езеро, на плажата Сараиште, информираат од СВР-Охрид.

Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег.

По извршениот увид на местото на настанот, предводен од јавен обвинител и од полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.