fbpx

Скопјанец загинал во пожар, кочанец се удавил во канал за наводнување

-

Две жртви на несреќи регистрирала полицијата во изминатото деноноќие, од кои едната се случила во Скопје, а втората во Кочани.

Вчера, во 16.50 часот, во атарот на селото Грдовци, С.Ј.(42) од Кочани го пронашол својот татко  Д.Ј. (70) удавен во канал за наводнување. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош, а притоа не биле забележани видливи траги на насилство. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани,  по што по одобрение на обвинителот, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Денеска, околу 3 часот, во стан на булеварот Јане Сандански во Скопје, од засега непознати причини избувнал пожар. При интервенцијата на пожарникарите, во станот бил пронајден починат Н.Н. (23). Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...