fbpx

Штипјани со петиција за укинување на наплатата за паркирање во градот

-

Празни паркиралишта на централните сообраќајници, а преполни споредни помали улички, нервозни станари од центарот на Штип, кои не може да паркираат пред своите домови. Тоа е сликата од централното јадро, веднаш откако Општината Штип исцрта паркинг-места и почна да наплаќа за нив. Граѓанските активисти одговорија со петиција, со која се бара укинување на одлуката на Општината за наплата на паркирањето. Преку проектот „И паркингот е животен стандард“, поддржан од Фондацијата „Метамофрозис“ од Скопје, Фондацијата за локална заедница во Штип сака на Општината да ѝ го покаже мислењето на граѓаните, за кои оваа одлука е погрешна и донесена без консултација со нив. Боби Шараковски од ФЛР, вели дека петицијата е само прв чекор.

– Резултатите од оваа петиција прво ќе ги дадеме до Инспекторатот за локална самоуправа, а потоа и до Уставниот суд, затоа што има двојна наплата. Со комуналната такса веќе плаќаме за уредување на паркиралиштата, а сега повторно плаќаме за да се паркираме на тие паркиралишта – изјави Шарковски.

Петицијата засега е само електронска, на интернет, но од следната недела Шарковски најавува и поставување пунктови за собирање потписи.

– Од среда ќе поставиме пунктови на повеќе фреквентни места во градот. Собирањето потписи ќе трае десет дена. Понатаму, кога ќе ги собереме потписите, ќе ги видиме резултатите и ќе соопштиме на дебата со јавното претпријатие и со надлежните чинители и ќе го видиме расположението за оваа дејност – рече Шарковски.

Под петицијата на интернет осамнаа и повеќе коментари:

„Јавниот простор, веќе платен од граѓаните, а за кој граѓаните редовно плаќаат дополнително по разни други основи (на пример, ставката за јавни патишта при регистрирање на возило) ИМ ПРИПАЃА НА ГРАЃАНИТЕ. Затоа платениот паркинг со одлука на неколку советници е само озаконет рекет и ништо повеќе.“

„Ако некој сака платен паркинг, нека си закупи и уреди простор, па таму нека си наплаќа“.

„Општина Штип не е дала ни денар од наште пари за паркинзи, па сега да наметнува нова давачка. Нека ги направат платформите во река Отиња, во кој формат сакат и слободно нека наплаќаат паркинг“.

„ Да се укине наплата на паркинг во Штип и Кочани ВЕДНАШ“.
Општината Штип воведе платено паркирање од средината на минатата година. Неодамна го даде и првото паркиралиште под концесија. По првиот месец од работењето, ЈП „Стипион“, кое стопанисува со паркиралиштата, соопшти дека тие носат добар профит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...