fbpx

Штипјани кажаа „Не“ за делумната аболиција

-

Под мотото „Не за делумна аболиција“, почна протестот на „Шарената револуција “ во Штип.

Граѓаните со транспаренти се собраа пред зградата на Основниот суд во Штип од каде тргнаа кон центарот на градот. Штипјани не се согласуваат со одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за делумно укинување на одлуката за аболиција.

– Оваа одлука е само еден почеток и вовед во исправање на работите, во нормализирање и враќање на правната држава. Протестите ќе продолжат се додека не се обезбедат сите услови и не профункционира правната држава – рече Горан Трајков, од движењето „Протестирам“.

Според најавата, во Штип ќе се протестира и наредната недела во понеделник, среда и четврток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...