fbpx

Шилегов: Не планираме прослава, нема потреба од триумфализам, нè чека сериозна работа

-

„Не организираме официјална прослава. Нема потреба од триумфализам. Македонија е во тешка состојба и ја чека сериозна работа од наша страна за да ја оправиме државата. Ние не сме триумфалисти, оти си ја сакаме државата“, одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашањето дали партијата организира прослава, откако нејзиниот лидер го доби мандатот да формира влада.

Во јавноста попладнево се проширија информации дека пред Собранието ќе се прославува добивањето на мандатот.

Портпаролот на СДСМ вели дека сега партијата е концентрирана на тоа да се нормализира состојбата во Собранието, а штом ќе се создадат услови за преговори со партиите кои би влегле во владата, СДСМ ќе ја информира јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...