This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Dec 17 2:09:39 2017 / +0000 GMT

Шестмина уапсени и запленети 500.000 таблети дрога во лабораторијата во Тетово




Шест лица досега се уапсени во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, во која е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги на Балканот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Уапсените се државјани на Македонија и на Србија, а крајната дестинација каде одела дрогата била Турција.

Полициски екипи по наредба на Обвинителството вчера извршиле претреси на две локации во Тетово и на пет во Скопје и било запленето големо количество синтетичка дрога, чија вредност, како што рече Спасовски, надминува 2,5 милиони евра.

- Откриени се досега најголеми количества синтетичка дрога на Балканот. Доколку првичните проценки излезат точни, веројатно ќе биде една од поголемите заплени на синтетички дроги во меѓународни рамки. Во лабораторијата откриена во куќа во Тетово, според привичните сознанија, откриени се повеќе од 125 килограми синтетичка дрога или според некои првични процени, станува збор за минимум 500.000 таблети синтетичка дрога, чијашто вредност надминува 2,5 милиони евра - рече Спасовски, кој додаде дека се очекува бројките да бидат поголеми бидејќи активностите од акцијата се сè уште во тек.

Како што нагласи Спасовски, станува збор за меѓуародна истрага во која покрај македонското МВР и Обвинителството, вклучени биле и Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Србија, како и американската Агенција за борба против наркотици - ДЕА.

- Со оваа акција испраќаме порака дека сме подготвени да се справиме со секаков вид криминал - рече Спасовски.

YouTube Video: YouTube.com/watch?v=wFOcPaXNRXQ

Post date: 2017-12-01 13:51:04
Post date GMT: 2017-12-01 12:51:04
Post modified date: 2017-12-01 14:34:52
Post modified date GMT: 2017-12-01 13:34:52
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com