Шестмина уапсени и запленети 500.000 таблети дрога во лабораторијата во Тетово

-

Шест лица досега се уапсени во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, во која е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги на Балканот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Уапсените се државјани на Македонија и на Србија, а крајната дестинација каде одела дрогата била Турција.

Полициски екипи по наредба на Обвинителството вчера извршиле претреси на две локации во Тетово и на пет во Скопје и било запленето големо количество синтетичка дрога, чија вредност, како што рече Спасовски, надминува 2,5 милиони евра.

– Откриени се досега најголеми количества синтетичка дрога на Балканот. Доколку првичните проценки излезат точни, веројатно ќе биде една од поголемите заплени на синтетички дроги во меѓународни рамки. Во лабораторијата откриена во куќа во Тетово, според привичните сознанија, откриени се повеќе од 125 килограми синтетичка дрога или според некои првични процени, станува збор за минимум 500.000 таблети синтетичка дрога, чијашто вредност надминува 2,5 милиони евра – рече Спасовски, кој додаде дека се очекува бројките да бидат поголеми бидејќи активностите од акцијата се сè уште во тек.

Како што нагласи Спасовски, станува збор за меѓуародна истрага во која покрај македонското МВР и Обвинителството, вклучени биле и Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Србија, како и американската Агенција за борба против наркотици – ДЕА.

– Со оваа акција испраќаме порака дека сме подготвени да се справиме со секаков вид криминал – рече Спасовски.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...