fbpx

Рокот изминува, ситно броиме, порача „Шарената револуција“

-

Поддржувачите на „Шарена револуција“ остануваат оптимисти дека нивните барања ќе бидат исполнети до крајниот рок – 18 јуни.

Тие денеска поставија блокади на три мостови во Скопје – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза (кај МАНУ).

На мостот Гоце Делчев демонстрантите го испишаа бројот два и напишаа „Ситно броиме“, потсетувајќи на рокот што го дадоа да се исполнат нивните клучни барања.

На новинарско прашање како го коментираат тоа што Уставниот суд на дневниот ред го нема поставено нивното барање за СЈО, Александар Младеновски соопшти дека сè уште има доволно време за да се направат промени.

– Во оваа држава сè е возможно, може во кој било момент нашето барање да се стави на дневниот ред на Уставен суд – рече Младеновски.

Тој не сакаш да прецизира кои ќе бидат нивните следни активности доколку не се исполнат нивните барања, но рече дека ќе продолжат и понатаму да бидат активни.

– Се надеваме на брзо и мирно решавање на политичката криза. Ќе продолжиме да бидеме активни, но во овој момент нема да откриеме што понатаму – рече Младеновски за време на блокадата на мостот Гоце Делчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...