Хајндл во посета на Атина

-

Германскиот пратеник за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл, имал средби во Атина, во грчкото министерство за надворешни работи. Од грчкото МНР не ја потврдуваат официјално посетата, но неофицијално дипломатски извори потврдуваат за „Мета“ дека Хајндл бил неделава во Атина.

Според неофицијалните информации, германскиот посредник разговарал со политичкиот директор на министерството, Петрос Мавроидис, кој е директно ангажиран околу македонско-грчките разговори за мерките за градење доверба.

Средбата била непосредно по понеделничката рунда разговори меѓу претставниците на грчкото и на македонското министерство за надворешни работи, за мерките за градење доверба.

Иако нема информации за тоа што точно разговарале Хајндл и претставникот на грчкото МНР, грчки аналитичари што ги следат македонско-грчките односи истакнуваат дека најверојтно бил заинтересиран да ги слушне грчките ставови околу македонската политичка криза.

Проценките во Грција се дека е мала веројатноста грчката страна да е заинтересирана периодов за решавање на спорот за името, имајќи ги предвид општествените и политичките турбуленции во Грција.

Исто така, опозицијата често ја обвинува владата на Алексис Ципрас дека не се однесува доволно патриотски и дека има министри кои ја именуваат Македонија под уставното име.

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...