fbpx

Ревија: Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода

-

Вечерва, со почеток во 19 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба, ќе се одржи модна ревија под наслов „Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до  современа мода“. Организатор на ревијата е НУ Музеј Куманово во соработка со Музејот на македонската борба – Скопје.

Преку фотографии и оригинални примероци, ќе биде презентирана  облеката кај старите кумановски семејства од почетокот на 20 век, а настанот ќе продолжи со  модели од современи модни креатори кои се инспирирале од европската мода „ала франга“ од овој  период. Публиката ќе може да ги види креациите на Ненад Секирарски и на Александар Рашковиќ. Дел од модната ревија ќе биде и концертот на квартетот флејти „Аулос“.
Ревијата „Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода“ се одржува во рамки на одбележувањето на десетгодишнината од Форумот на словенски култури, организација чија цел е промоција на науката, уметноста и на културата на словенските земји во  Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...