fbpx

Расте бројот на загинатите во Лахорe – мета на нападот биле христијаните

-

Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во близина на градскиот парк во пакистанскиот град Лахорe се искачи на 65 лица, јавуваат локалните медиуми. Бројот на повредените, според последните информации достигна 300. Сепак, властите проценуваат дека ќе растат бројките на загинатите и повредените.

Експлозијата одекнала во паркинг зоната, во близина на влезната капија на паркот „Гулшан ел Икбал“, во непосредна близина на детските лулашки. Повеќето под настраданите се жени и деца.
Сите болници во околината се преполни. Еден од сведоците на настанот рекол дека после експлозијата настанал целосен хаос, а многу деца биле одвоени од родителите. Сите бегале од преполниот парк, што довело до создавање на стампедо.

Одговорноста за нападот ја презеде талибанската фракција Џамат-ул-Ахрар, која тврди дека бомбашкиот напад бил насочен кон пакистанското христијанско малцинство.

– Мета на нападот беа христијаните. Сакаме да испратиме порака до премиерот Назав Шариф дека влеговме во Лахор. Тој може да прави што сака, но нема да не запре. Нашите бомбаши-самоубијци ќе продолжат со нападите – рече портпаролот на фракцијата, Ехсанулах Ехсан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...