fbpx

Протест пред Општина Тетово поради транспортот на тетовските средношколци

-

Тетовските гимназијалци од руралните општини протестираа пред зградата на Општина Тетово, револтирани што властите и по три недели не им обезбедува бесплатен превоз од нивните домови до училиштетото. Велат дека мораат сами да го плаќаат превозот, а некои ученици со финансиски тешкотии сè уште не тргнале на училиште.

– Јас сум од Челопек. Плаќам до Тетово 40 денари и назад уште 40 денари. Никој не ме прашува дали имам или немам, некои немаат, па не одат еден месец на школо – изјави еден ученик од тетовската гимназија.

По протестот, учениците влегоа во една од просториите на општинската зграда. Остварија средба со преставници на општинскиот сектор за образование. По завршувањето на средбата, која беше затворена за јавноста, од секторот за образование на Општина Тетово ни изјавија дека решавањето на проблемот со превозот на тетовските средношколци зависи од комисијата за јавни набавки, која одлучува по жалбата на превозниците, за поништениот тендер за превозот на ученици. Комисијата, според секторот, на поднесената жалба треба да одлучи денеска или најдоцна до утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...