fbpx

Променливо облачно со повремени локални врнежи

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе врне во западните делови од земјава, каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има и врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди преку денот, меѓутоа ќе има услови и за врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

В петок и в сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Поради разведрувањето за време на викендот и на почетокот од наредната недела, утринската температура на места ќе се спушти под нулата. Од сабота дневната температура ќе биде во пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...