fbpx

Груби: Заев и Ахмети разговараа за решение за деблокирање на Собранието

-

Артан Груби, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмти, потврди дека денеска во Собранието имало средба помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев. и на ДУИ, Али Ахмети.

„Денешната средба беше во насока на наоѓање решение за да се надмине блокадата на Собранието, а тоа да биде на начин кој го бараат граѓаните од нас. Нема ништо чудно и тајно, туку нормални контакти помеѓу двајца лидери“, изјави Груби во емисијата „Топ-тема“ на телевизија „Телма“.

Пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, исто така потврди дека се разговарало за следните чекори во Собранието.

„Ние не бараме од Ахмети ништо. Ние бараме конститутивната седница во Собранието да се одвива во согласност со деловникот“, изјави Манчевски.

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ и коалицијата имаат стратегија и конкретен план за да се деблокира Собранието.

„Дозволете стратегијата и планот да не ги објавуваме преку медиумите, туку конкретно да бидат операционализирани и со тоа Собранието да го деблокираме“, одговори Николовски на новинарско прашање.

Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
free download udemy course
download mobile firmware
Download Premium WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=