!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Прием во Владата за Денот на албанската азбука и честитка од Џафери


       
Скопје, 22 ноември, 2017 - 10:06 (META) 

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, денеска организира свечен прием по повод 109-годишнината од Конгресот на албанската азбука.

На настанот што ќе се одржи во Владата, со почеток во 10 часот, ќе учествуваат доајени на албанското образование, просветни работници и други.

Во 15.15 часот владина делегација предводена од вицепремиерот Лика ќе го посети Музејот на албанската азбука во Битола, каде ќе биде отворена изложбата со ликовите на учесниците на Конгресот на албанската азбука.

Во 19 часот во Домот на културата во Битола ќе се одржи свечен концерт.

Денот на албанската азбука на сите припадници од албанската етничка заедница во Република Македонија, им го честиташе претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Азбуката, јазикот и писменоста се многу повеќе од само средство за комуникација, тие се вредност сами по себе, заштитници на традицијата и на националниот идентитет. Република Македонија е земја во која се негуваат и се почитуваат различностите и со негување на јазичните и на културните богатства на сите граѓани, ние придонесуваме за зачувување на заедничките трајни вредности и тоа е влог за подобра иднина на нашите млади поколенија“, вели Џафери во честитката упатена во негово и во име на пратениците на Собранието.