fbpx

Претреси во германската фудбалска асоцијација поради сомнежи за затајување данок

-

Франкфуртската полиција извршила престреси во седиштето на германската фудбалска асоцијација (ДФБ), поради сомневања за даночно затајување поврзанo со организацијата на Светското фудбалско првенство во 2006 година, чиј домаќин беше Германија, соопштиле од обвинителството, пренесува „Би-Би-Си“.

Претрeсите, во кои биле опфатени и домовите на претседателот на ДФБ, Волфганг Ниерсбах, и неговиот предходник, Тео Цванцигер, следуваат откако во јавноста беа објавени информации за постоење таен фонд од 6,7 милиони евра, кои наводно биле искористени за обезбедување на гласовите за Германија да ја добие организацијата на Светското првенство во 2006 година.

Од ДФБ, како што пренесува „Би-Би-Си“, ги демантирале овие наводи кои минатиот месец ги објави весникот „Шпигел“.

Од канцеларијата на јавниот обвинител, надлежен за случајот, соопштиле дека е отворена истрага за наводен трансфер на 6,7 милиони евра од организациониот комитет при ДФБ до светската фудбалска организација ФИФА.

Претседателот на ДФБ, Волфганг Ниерсбах, ги демантирал обвинувањата, тврдејќи дека парите биле употребени за да се одблокираат субвенциите на ФИФА, додека неговиот предходник, како што пренесува „Би-Би-Си“, за „Шпигел“ изјавил „дека е јасно дека таков фонд постоел“.

Германската фудбалска легенда и претседател на организациониот одбор за Светското првенство во 2006 година, Франц Бекенбауер, минатата недела ги отфрлил наводите дека гласовите за добивање на организацијата на првенството биле купени и застанал зад тврдењата на претседателот на ДФБ, Ниерсбах.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...