fbpx

Претпладне променливо облачно, попладне врнежи од снег

-

Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, соопшти УХМР.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 5 степени.

Утре ќе биде облачно со врнежи од снег, особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. До крајот на денот насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 сантиметри, на планините и над 20 сантиметри, а најмала во североисточните делови (околу 5 см или помала). Поради засилениот северен ветер утре можна е појава на снежни наноси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...