fbpx

Преговорите во ќор-сокак, Орав разочаран, ЕУ ќе достави свој предлог-закон

-

Во четири часот утрово завршија преговорите на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, но и овојпат без успех.  И покрај оптимизмот на белгискиот олеснувал Питер ван Хојте, се дознава дека во напната атмосфера продолжиле и синоќешните разговори. Од преговарачките тимови информираат дека претставниците од ВМРО-ДПМНЕ постојано барале паузи, со што само се скратувало времето за разговор.

Според неофицијалните информации, поради закоченоста на преговорите се очекува утре Европската унија, преку своите претставници, да предложи готов текст на изборниот законик.

Реакција утрово имаше од шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

– Многу сум разочаран што преземената обврска за постигнување договор до 6 октовмри, лидерите не ја испочитуваа – вели Орав во кратката изјава, пренесе „Плусинфо“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...