fbpx

Пратениците расправаа за Законот за високо образование

-

Пратениците во Собрание расправаа за измените на Законот за високо образование. На самиот почеток на расправата, министерот Абдилаќим Адеми кажа дека ќе има пилот-проект за државниот испит.

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги праша колегите од ДУИ зашто го поддржуваат овој пакет мерки кога во нив нема ниту еден збор за Албанците и наместо да го реформира, го компромитира образовниот и академскиот систем.

– Власта прави притисок врз актерите во образовниот процес. Целта ви е да воспоставите контрола на знаењето. Училиштата и факултетите ќе бидат само објекти, а Владата ќе одлучува кој ќе знае, а кој не. Оваа Влада, која има елементарен недостиг од знаење. Со овие закони се прави македонизација на образованието и се понижуваат Албанците. Го уништивте образованието токму вие, со вашите луѓе. Подалеку рацете од образованието – рече Фазлиу.

Лилјана Поповска од ДОМ истакна дека нема да ги поддржи измените во законите за високо образование затоа што ниту еден амандман не ѝ бил прифатен, а таа сметала дека со амандманите барем малку ќе се подобрат законите.

– Ставот на ДОМ е дека науката е во врвот на нашите приоритети и лично не можам да избегам од себе, својата кожа и од својот ум. Порасната сум меѓу книгите и машината за чукање. Од овие причини јас нема да го поддржам овој закон – вели Поповска.

Роза Топузова-Каревска побара уште еднаш пратениците да размислат и да го слушнат гласот на студентите и на професорите.

– Сега законот е во наши раце и ние одлучуваме дали ќе се донесе ваков закон кој е спротивен на Уставот. Ние одлучуваме дали ќе застанеме пред слободата и автономијата на универзитетот. Да, и јас сум за реформи во образованието, длабински реформи, но како можам да гласам за вакви реформи? Дали ние имаме право да гласаме за закон кој има само пет реда образложение за оцена на состојбите во областа која треба да се уреди. Јас немам легититмитет пред граѓаните да гласам за закон за кој велите дека е сериозна реформа, а има образложение само пет реда. Кога се носат закони кои засегаат помала целна група, имаме поголеми образложенија, а не кога има ваква серизона реформа – рече Топузова-Каревска.

Солза Грчева побара претседателот  Ѓорге Иванов да се изјасни затоа што, како што рече Грчева, најдржавничка работа во овој случај е да се стави вето на овој закон.

Сите пратенци на владејачкото мнозинство со контрареплики ги бранеа и ги поддржуваа измените на Законот за високо образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...