fbpx

Пожар во кулата на Трамп во Њујорк

-

Пожар изби на еден од последните катови на кулата „Трамп“ во Њујорк, јавуваат американските медиуми.

Њујоршката противпожарна бригада објави дека во прашање е „помал пожар“ за кој се верува дека е предизвикан од дефект на инсталацијата, а според првичните информации нема повредени.

Седиштето на империјата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп е облакодер од 58 ката во самото срце на Менхетен и во него се наоѓаат и домовите на неколку членови на семејството на Трамп.

Освен луксузни станбени единици, ресторани и продавници, во кулата на Трамп има се наоѓаат и седиштата на многу компании, а претседателот на САД и неговиот тим во кулата формираа и штаб за време на изборната кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...