fbpx

Повикот за смирување од ЕУ нема важност за Анкара

-

Министерството за надворешни работи на Турција ја нападна Европската Унија затоа што побара од Анкара да се воздржи од несоодветни изјави.

Од Анкара се наведува дека е многу лошо што европскиот блок ја поддржал Холандија, која, како што сметаат во Турција, ги прекршила човековите права и европските вредности.

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи, се наведува дека Европската Унија се залага за демократските вредности и за основните човекови права и слободи селективно и дека нејзиниот повик за смирување нема важност за Анкара.

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека Турција нема да дозволи холандскиот амбасадор да се врати во Анкара сè додека Холандија на своето тло не дозволи одржување на собири на турски политичари кои водат референдумска кампања.

Куртулмуш додаде дека Анкара исто така го затвори воздушниот простор за холандски дипломати сè додека Холандија не ги исполни турските барања.

Холандија, како и Германија и Австрија, зазеде став дека на својата територија не дозволува турски политичари да одржуваат собири за поддршка за претстојниот референдум за измена на уставот во април, со кој на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе му се прошират овластувањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...