fbpx

Поповски – Ромео: Со законот ќе се обезбеди независно работење на МРТВ и ААВМУ

-

Се обврзавме на создавање услови за независно и професионално работење на Македонска радио-телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на сите медиуми во Македонија и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се во таа насока, го информирал министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

На средбата, како што информираат од владата, било разговарано за придобивките од измените на Законот за ААВМУ со кои, како што се додава во соопштението, „се отвора простор, експерти и истакнати личности од медиумската и општествената сфера да членуваат во советите на Македонската радио-телевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и да раководат со нив.“

„Очекувам да имаме поддршка и разбирање и од опозицијата за измените на Законот што се испратени веќе во Собранието, со оглед дека промените во медиумската сфера се меѓу клучните забелешки во двата извештаја на Рајнхард Прибе, како и обврска од Договорот во Пржино“ рекол Поповски на средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...