fbpx

Пакистанскиот премиер поднесе оставка откако судот му забрани да ја врши функцијата

-

Пакистанскиот премиер Назав Шариф поднесе оставка по одлуката на Врховниот суд да му се забрани вршење на функцијата поради истрагата за корупција.

Одлуката на судот следеше по истрагата во која неговото семејство, наводно, не можело да го објасни своето големо богатство.

– Тој веќе нема право да биде член на парламентот – рече судијата Ејаз Афзал Кан и додаде дека Шариф повеќе не е премиер.

Како што пренесува „Би-би-си“, со „Панама пејперс“ се откри дека децата на пакистанскиот премиер се поврзани со некои офшор-компании, а Шариф досега категорично ги отфрлаше сите обвиненија со овој случај.

Одлуката за негова смена е донесена едногласно, а судот побара поведување кривична постапка против премиерот.
Во апил 2016 година, панамската адвокатска канцеларија „Мосак Фонсека“ објави документи во кои се наведува дека двата сина и ќерката на премиерот Шариф имаат најмалку три офшор-компании, пишува „Би-би-си“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...