fbpx

Од денеска нови правила за означување на храната во ЕУ

-

Македонските компании што извезуваат прехранбени производи во земјите од Европска Унија, ќе мора да се придржуваат на новите правила за означување на храната во ЕУ, кои стапија на сила денеска, пренесуваат медиумите.

Според новите правила, на декларациите на производите треба јасно, со зацрнети или букви означени во друга боја, да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето-тежината и особено алергените.

Најновите измени на Европска Унија во делот на означувањето на производите се содржани во регулативата 1.169 од 2011 година, која претставува збир на досегашните засебни директиви кои ја регулираа оваа област.

Новите правила за означување на храната се обврска за операторите, за подигнување на нивото на информираност на потрошувачите, односно со нив од означување се преминува на информирање за храната и тоа во сите три фази – означување, презентирање и нејзино рекламирање.

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Стопанската комора на Македонија во ноември и во декември организираше осум работилници на кои беа информирани компаниите за новините во означувањето на храната во ЕУ.

Новините во означувањето на храната во ЕУ во македонската легислатива ќе бидат вметнати во измените на законот за безбедност на храна, кои се во тек, а потоа ќе биде донесен и нов правилник за означување со кој детално ќе се уреди оваа област.

Новите одредби од Законот кои се однесуваат на означувањето, за домашните производители ќе почнат да се применуваат од 1 јуни 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...