fbpx

ОБСЕ/ОДИХР: Нема време да се направат промени во изборниот законик на Албанија

-

Во документ на ОБСЕ/ОДИХР кој го објави националниот албански весник „Панорама“, се вели дека е доцна да се направат промени во Изборниот законик во Албанија. ОБСЕ/ОДИХР го одби барањето на Демократската партија за електронско броење на претстојните избори во јуни. ОБСЕ/ОДИХР исто така го одби барањето на партијата Социјалистичко движење за промена која предложи отворени листи.

Во овој документ се вели дека времето кое преостанува до изборите не е доволно за преземање на суштински промени во Изборниот законик.

Но од ОБСЕ/ОДИХР сметаат дека без разлика на временското ограничување има четири други проблеми кои Специјалниот комитет за изборни реформи може да ги реши.

Промените кои Комитетот треба да ги направи се поврзани со одобрување на измените кои треба да обезбедат транспарентност на политичките партии во изборната кампања, обезбедување на родови квоти, зајакнување на законските санкции за прекршителите на Изборниот законик и подобрување на правната рамка на медиумско покривање на изборната кампања.

ОБСЕ/ОДИХР во овој документ ги повикува и охрабрува албанските власти да го искористат преостанатото време да направат некои подобрувања во изборното законодавство пред парламентарните избори во 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...