fbpx

Нишани ги закажа парламентарните избори во Албанија за 25 јуни

-

Албанскиот претседател Бујар Нишани денеска официјално ги закажа парламентарните изборите во Албанија за 25 јуни.

Изборите првично требаше да се одржат на 18 јуни, но се одложија за една недела откако албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама и првиот човек на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија, Љуљзим Баша постигнаа компромис, со посредништво на на американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ли, тие беа поместени за една недела.

Опозициските партии во Албанија досега одбиваа да учествуваат на изборите, Тие не поднесоа изборни листи до изборната комисија и инсистираа на премиерот Рама да си поднесе оставка и да се формира техничка влада, која според нив, би спровела „фер и демократски изборен процес“.

Опозицијата, која уште од февруари ја бојкотира работата на Парламнетот, ја обвинуваше Владата на Рама дека подготвува манипулации и измами на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...